За оние од нас кои неочекувано бевме приморани да работиме од дома пред една година, најголемата промена во нашите работни животи е веројатно во начинот на интеракција со нашите колеги. Многумина од нас поминаа долги часови на состаноци, секојдневно повеќе од една година гледајќи во малите квадрати на екраните на Zoom.
Оваа систематска промена, покрај дополнителниот стрес од пандемијата, за многумина од нас значително го разводни значењето на деловниот изглед. Но, тоа не е еднакво за сите. Како и со многу аспекти на комуникација на работното место, многу елементи играат улога и тука, вклучително и раса, пол и ниво на искуство.
Некои дозволуваат нивните стандарди за средување да се снижат па прифаќаат подолга и помалку стилизирана коса, тренерки и лабава облека, или лица без шминка. Но, некои жени сè уште чувствуваат притисок да изгледаат „попрофесионално“, без оглед дали се плашат да не бидат сфатени несериозно, или од културен притисок.
Пред пандемијата, многу жени потрошија значително дополнително количество време и пари за својот изглед во споредба со нивните машки колеги, а доколку не го правеа тоа често можеше да биде тоа по цена на професионалноста.
Некои податоци сугерираат дека притисокот не е исчезнат иако работиме од дома. На пример, продажбата на „Сефора“ преку Интернет порасна за 30% во 2020 година, додека во Кина, приходите за други трговци од индустријата за убавина, вклучително и „Амазон“, пораснаа за 20 до 30%.
Овој притисок да се биде „скоцкан“, заедно со домашните обврски, бучни цимери и слично, може да биде причината зошто 39% од жените во анкетата од Харис во 2020 година рекле дека го исклучуваат своето видео за време на виртуелни работни состаноци, бидејќи не им се допаѓа начинот на кој тие изгледаат, во споредба со само 25% од мажите кои го прават тоа.
Дали и вие почесто ја исклучувате камерата за време на работните состаноци?
Дали работата од дома ве наведе помалку да се грижите за Вашиот изглед?