Технолошката компанија „10 Pines“ одлучила е радикално да пристапи на начинот на кој се однесува кон вработените.
Компанијата се обидува да ја зголеми транспарентноста и да биде демократки определена до таа мера да дозволи вработените меѓусебно да ги одредуваат платите.
Ариел Умански одлучил да го одбие предложеното зголемување на платата од седум проценти во декември 2020 година. Сметал дека тоа не може да го оправда пред своите колеги.
Поточно, тоа било втор пат во пет години, да одбие зголемување на платата.
„Се чувствував некако несигурно и изложено на тоа што сум во близина дури и на врвот меѓу луѓето за кои сметав дека работат подобро од мене“, објаснува Умански, пренесува Би – Би – Си.
За платите се одлучува три пати годишно на состанок во аргентинската компанија која ги вклучува сите, освен новите работници кои и понатаму работат на определено работно време.
Вработените (или менторите во нивно име) можат да се јават за зголемување на платата, за кое потоа отворено се расправа.
10 Pines е технолошка компанија основана во 2010 година со 85 вработени со седиште во Буенос Аирес.
Работи на софтвери за клиенти, вклучувајќи ги Старбакс и Бургер Кинг, правјеќи работи како мрежни картички за лојалност за купувачите, апликации и платформи за е – трговија.
Секоја година 50 % од добивката се дели со вработените
10Pines тежнее да биде што е можно потранспарентен со вработените. По тримесечниот пробен период, новите вработени се придржуваат на остатокот на тимот на месечно отворени состаноци на кои се одлучува за клучните одлуки на компанијата, како што се потенцијални нови клиенти, трошоци, финансии и секако плати.
Не постои генерален директор и нема вистински менаџери во тимовите, иако постојат постати лица кои се партнери, познати како „соработници“ и „мајстори“.
„Со оглед на тоа дека нема шефови кои би одлучувале за зголемувањата на платите, ние ја пренесуваме власта на вработените“, вели Хорхе Силва, ко – основач на 10Pines, пренесува Би – Би – Си.
10Pines својот пристап го нарекува „социократија“. Го инспирирал бразилскиот бизнисмен Рикардо Семлер и неговото искуство со трансформирањето на семејната производна компанија Семко.
Ја претворил во тн. „агилна, соработничка компанија“ со работници кои ги надгледувале прашањата кои традиционално се препуштени на менаџерите, истакнувајќи дека тоа довело до слаба флуктуација на вработени и ревитализација на богатството на компанијата.
„Клучната работа е да се сфати дека постои разлика помеѓу еднаков и чесен“, вели ко – основачот Хорхе Силва.
„Не сме сите еднакви, но се трудиме да бидеме чесни. Не сакаме да бидеме како класичните компании кои се обидуваат да ги контролираат вработените и да се однесуваат кон нив како кон деца“, истакна тој.