Промовирани огласи »

Ќе добијат ли граѓаните повисоки сметки за струја од август? Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторна и побарале поскапување на струјата, па сега таа треба да одлучи што ќе прифати и дали летово поскапата цена на струјата ќе удри по и оната истенчениот џеб на граѓаните. Од Регулаторната Комисија за енергетика велат дека пазарот, а не Комисијата ќе ја поскапат струјата. Првиот човек на РКЕ вели дека тие одлучуваат само во мал дел кој влијае врз крајната цена.

РКЕ контролира 38%, за пренос, за дистрибуција и еден сосема мал минорен дел за операторот на пазарот на електрична енергија. 58% не ги регулираме ние, бидејќи тие се врз основа на случувањата на пазарот на електрична енергија и обврските кои што ги има преземено државата за обновливите извори на енергија, вели претседателот на Рекулаторната комисија за енергертика Марко Бислимоски.

Од доставените пресметки енергетските компании веќе побарале поскапување. „МЕПСО“ барал двојно зголемување на цената за извршениот пренос. За „ЕВН“ која ги снабдува домаќинставта со струја, цените зависат од влезните трошоци за набавка. Од Државните електрани, пак, кои го снабдуваат со струја „ЕВН“, велат дека инвестирале во ветерници и тие чинеле пари, што ја потврдува изјавата на премиерот дека струјата ќе поскапи.

Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, рече премиерот Зоран Заев.

Поскапувањето на струјата значи дека ќе повелече поскапување на буквално се, од основните прехрамбени продукти, месото, пијалоците, до комуналиите, превозот и еден куп скриени трошоци. И додека се крои повисоката цена на струјата, дел од независните синдикати на транспортери и градежници, бараат поевтинување на сметките за струја и комуналии до 50%.

Целиот текст прочитајте го на Алфа со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Азиска земја развива сопствена криптовалута. Централната банка на Кореја бара партнер за да ја истражи можноста за лансирање дигитална валута во тест средина.

Јужна Кореја ќе избере снабдувач на технологија за изградба на пилот платформа за развој на дигитални валути, приближувајќи се кон создавање на сопствена криптовалута што ќе биде поддржана од централната банка. 

Платформата ќе содржи симулации на комерцијални банки и продажни места, а ќе вклучува плаќање преку мобилни телефони, трансфер на средства и пoлагање депозити, објави Банката на Кореја (БОК), пренесува Seebiz.eu. Пилот програмата ќе трае од август до декември оваа година.

Дигитална рубља на пазарот на криптовалути ќе се појави до крајот на годината. 

Истражувањата кои ги направил Центарот за истражување на финансиска технологија и дигитална економија „Сколково“, покажале дека скоро половина од испитаниците ја поддржуваат идејата за дигитализација на рубљата, а 40 отсто се против.

Во меѓувреме, паѓа вредноста на биткоинот. 

Промовирани огласи »

Францускиот моден магнат Бернард Арно стана најбогат човек на светот. 

Тој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот. Списанието „Форбс“ го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе од она на Безос.

Богатството на Арно, кое чинеше 76 милијарди долари во март лани, скокна за 110 милијарди долари поради деловната активност на неговата „Луј Витон Груп“ (ЛВМХ), чии членови се „Фенди“, „Кристијан Диор“, „Живанши“.

На трето место е сопственикот на Тесла, Елон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Иако сега празниците ги прославуваме на поинаков начин, би било навистина прекрасно ако не го прескокнете Денот на сесловенските просветители, зашто писменоста денес, за жал, е сè помалку застапена, а е исклучително важна во процесот на зачувување на интегритетот на еден народ.

Писменоста е нераскинлив дел скоро од секој аспект на новото време кое го живееме, зашто таа не се однесува само на молив, гума и тетратка со тесни-широки линии, туку се трансформира според потребите и еволуцијата на човештвото.

Моментално, тргнувајќи од тоа дека скоро се е дигитално, повеќето услуги и производи се лесно достапни на Интернет, некогаш ја забораваме најважната работа, а тоа се нови вистински информации во било каква форма. Писменоста ни помага да стигнеме до тие нови информации, а способноста за самостојно распознавање на вистинитоста на тие вести се развива само со постојано проверување на фактите дури и од релевантни извори. 

Новите информации го стимулираат мозокот и создаваат простор за нови. 

Интернетот првично бил алатка во поглед на напредок на човештвото, моментално кај нас се користи за губење време во буквална смисла. 

Дигиталната и медиумската писменост се есенцијални вештини за опстојување на пазарот на трудот во вакви периоди. 

Распознавање на лажни вести, истражување пред да се искоментира или слично, соодветна реакција на типот на содржина која се сервира на публиката се суштинските елементи поврзани со добивањето на правите вести и информации. 

Разбивањето на бариерата меѓу публиката и вистинитоста на информациите кои таа публика ги чита кај нас се одвива навистина бавно. 

Во Рим во 869 година папата Адријан ги осветил словенските книги, што значи дека Римската Црква официјално ја признала словенската писменост.

Поминати се 1 152 години, а ние уште не сме ја завршиле оваа еволуирана верзија на мисијата на светите браќа. 

Нивото на писменост на одредена нација зависи правопропорционално од нивото на свест и способност за држење чекор со брзиот развој на светот.

Ако порано требаше да се посветиме само на азбуката за да постигнеме ниво, сега процесот на личниот развој е многу посложен и бара фокус. 

За да го испочитуваме нивното дело, треба да се придржуваме до нивната идеологијата - описменување на народот без разлика на сè. 

Тогаш имало притисоци против ваквата мисија под изговорот дека се работи за ширење ерес, сега владее само игнорантноста кон релевантноста на описменувањето во која било форма. 

Никогаш не е доцна да се покаже дека писменоста вдахнува моќ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »