Промовирани огласи »

Добивката и приходите на кинескиот сопственик на ТикТок се дуплираа во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во пандемијата на коронавирусот.

Вкупните приходи на Bytedance скокнаа за 111 отсто минатата година, на 34,3 милијарди долари, јави Би-Би-Си цитирајќи интерно писмо од раководството до работниците.

Бруто добивката исто така се удвои, на 19 милијарди долари. Компанијата ја заврши годината со нето загуба од 45 милијарди долари поради еднократно прилагодување на сметководството, за кое вели дека не е поврзано со нејзиниот бизнис.

Промовирани огласи »

Во рамките на европскиот проект CreArt под покровителство на Град Скопје во Изложбениот салон - Империјал 1 при ЈУ КИЦ - Скопје , на 22 јуни 2021 во 20.00 ч. ќе се отвори ликовна изложба на Јулија Поциуте ( Литванија ) и Владимир Илиевски (Македонија). Куратор на изложбата е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски.  Изложбата ќе биде отворена до 06.07.2021 г.

Биографија

Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија.

Завршува ликовна академија во Вилнус (Литванија) во 2007 год.

Јулија организира повеќе самостојни изложби во Литванија и надвор од неа (Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија и др.) Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.
Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 год. отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.

Илиевски досега има реализиеано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 год.
Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 год.


 

Промовирани огласи »

Стапуваат на сила нови правила за влез во Грција. 

Можноста за влез и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени.

Дополнително, сите патници на грчките гранични премини може да бидат тестирани по случаен избор со брз тест и доколку резултатот е позитивен, следи задолжителна изолација од 10 дена. 

Кај јужниот сосед може да се влезе со потврда за завршена вакцинација со која било вакцина, потврда дека и двете дози се примени и дека поминале најмалку 14 дена од другата.

Оние кои не примиле вакцина, можат да влезат со негативен тест за коронавирусот кој не е постар од 72 часа (за земји од портокаловата и црвената листа) или негативен тест за антиген (за земји од зелената листа) кој се прави во рок од 48 часа. Валиден е и  документ со кој се докажува дека лицето прележало ковидот во периодот од два до девет месеци пред патувањето.

Важно е што секој што сака да патува во Грција, најрано 24 часа пред патувањето, мора да пополни образец на веб-страницата www.travel.gov.gr и да го покаже кодот што го добил на границата. Во Албанија и Црна Гора не е потребен тест за влез. И овие две земји македонските граѓани може да ги земат во обзир кога бираат дестинација за одмор. 

За влез во Грција, како и за излез од таа земја кон Македонија, отворен останува само граничниот премин Евзони, со работно време од 7 до 23 часот по грчко, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Промовирани огласи »

Неодамна е направено истражување на продуктивноста на работници кои работат 4 наместо 5 дена неделно. Мајкрософт Јапонија ова истражување го направила лани во август, и вработените имале тродневен викенд (наместо стандардните сабота и недела).

Работниците не доаѓале во петок а за тоа биле платени. Забележано е зголемување на продуктивноста до 40%, намалување на потрошувачката на енергија до 23% а се принтале 60% помалку страници хартија. Стандардното времетраење на состаноците е намалено од 60 на 30 минути.

Слични вакви експерименти се направени и во 2018та кога е забележано зголемување на продуктивноста до 20%. Повеќе детали ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »