Промовирани огласи »

Грција и летово е една од најпосакуваните дестинации за одмор. Но, дали пандемијата ги крена цените покрај море кај нашиот јужен сосед? 

За десетдневен одмор во Грција ќе мора да издвоите речиси слична сума како и пред корона-пандемијата. За во пикот на сезоната, во јули и август, за двокреветна хотелска соба ќе треба да платите отприлика 700 евра за 10 ноќевања во двокроветна хотелска соба. 

На почетокот или кон средината на јули за 10 ноќевања на Халкидики може да се најде апартманско сместување и од 160 евра. На Тасос може да се поминат 10 дена во хотел за 290 евра, додека пак на Ханиоти 10 дена одмор може да ве чинат нешто повеќе од 400 евра. 

На Лефкада цените за сместување во просек се движат од 35 евра по лице, а слични се цените и на Скијатос и Полихроно. 

Цената на кафето се движи пд 2,5 до 3 евра. Безалхолните освежителни пијалоци од 2-3 евра, додека пак за свежо цедените сокови ќе мора да одвоите по 4 евра. 

Цената на пивото се движи од 3-5 евра, но криглите се продаваат и по 6 и 7 евра. Половина литар вино може да добиете по цена од 5 евра, а локалниот пијалак - узо чини 8 евра. Класичните коктели се движат од 7-8 евра. 

Омилениот специјалитет по кој надалеку е позната Грција е поскапен. Ако претходните години чинеше од 2 - 2,5 евра, просечната цена за него ова лето е 3 евра за мала порција до 7 евра за голема порција. 

Цената на пицата се движи од 8 - 12 евра зависно од дестинацијата. Грчката салата чини 6.5 евра, а познатата цезар салата околу 10 евра.

Промовирани огласи »

Владата подготвува три сценарија за тоа како ќе се одвива учебната година 2021/2022, за кои ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа рече дека очекувањата се состојбата со ширењето на вирусот во летниот период да е мирна и да се спроведе првото сценарио кое предвидува целосно враќање на учениците во учлиштата односно наставата да биде со физичко присуство. Сепак има и други две сценарија кои биле дискутирани денеска на Главниот координативен штаб.

Сите, и јас и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, сакаме учебната година да почне со првото сценарио, целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи за сите одделенија и сите години. Второто сценарио е со физичко присуство да одат учениците од прво до четврто одделение, останатите онлајн. Третото сценарио е да бидат поделени во групи, една недела да оди една група ученици, друга недела втора група ученици, изјави Царовска на отворање на нова спортска сала во Волково.

МИнистерката додаде дека за трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. 

На новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, Царовска одговори и дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.

Посочи дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.

Промовирани огласи »

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм.

Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм).

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Промовирани огласи »

Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се' уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.

Во Законот за работни односи утврдено е дека платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Според истиот Закон, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. На пример, платата за месец април мора да ја земете до 15-ти овој месец.

Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна до идниот прв работен ден.

Секој работодавач е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Во Законот е наведено дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. При исплатата на платата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор согласно со законот.

Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку има можност и сака тоа да го направи.

Сепак, доколку во законскиот рок работодавачот не исплатил палта, и не уплатил придонеси од плата тогаш според Законот тој ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »