Македонската дијаспора дочека. Конечно и таа ќе може да аплицира и да се фотографира за пасош секој работен ден, во конзулатните претставништва на земјава во странство. Таа веќе нема да ги чекаат мобилните екипи на МНР еднаш-двапати годишно да ги посетат и да ги фотографираат, кои пак изминатата година и половина не го правеа тоа, па владата за да го бајпасира тој проблем го продолжи важењето на истечените пасоши на дијапсората до 31 декември годинава.
ТОА ШТО ГО ПРАВИМЕ ДЕНЕС Е ВСУШНОСТ РЕВОЛУЦИЈА ВО УСЛУГИТЕ ШТО ГИ ДАВА ДРЖАВАТА КОН ДИЈАСПОРАТА, ОЦЕНИ БУЈАР ОСМАНИ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ.
Први привилегија да се фотографираат за пасош без притоа да прават долгорочни планови кога да го спроведат тоа во Македонија, ќе ја имаат македонските граѓани во неколку европски држави.
ВО МОМЕНТОВ СЕ ИНСТАЛИРААТ БАЗНИ СТАНИЦИ ВО МИНХЕН, БОН И БЕРЛИН, А ПОТОА И ВО БРИСЕЛ. ВТОРАТА ЕКИПА ОДИ ВО БЕРН, ВИЕНА, ЉУБЉАНА И ВЕНЕЦИЈА, ТРЕТАТАТ ЕКИПА ОДИ ВО ЛОНДОН. ПОТОА, ЌЕ ИМА БАЗНА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ, ИНФОРМИРАШЕ ОСМАНИ.
Во САД вакви базни станици ќе бидат инсталирани во Њујорк и во Чикаго, во Канада во Торонто и во Австралија во Мелбурн.
Првите 15 фиксни и мобилни базни станици за земање биометриски податоци за пасош треба бидат инсталирани до крајот на октомври, а со МВР е договорено во иднина сите ДКП-а да бидат опремени со вакви станици.
ЗА СИТЕ ОВИЕ 15 БАЗНИ СТАНИЦИ, КОЛКУ ШТО ВО ОВОЈ МОМЕНТ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ И ЕДНА БАЗНА СТАНИЦА КОЈА ШТО ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО, ВКУПНО 16 БАЗНИ СТАНИЦИ, НИЕ ПРИ НАБАВКАТА ПОТРОШИВМЕ ОКОЛУ 150.000 ЕВРА, ИНФОРМИРАШЕ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ.
Дијаспората освен што ќе може кога сака да се фотографира за нов пасош, тие документот ќе го добијат со новото уставно име на земјата, со што Македонија исполни уште една точка од Преспанскиот договор, заедно со вметнувањето на новото име на змејата во личните карти, возачките дозволи и ознаката на регистарските таблички.