Промовирани огласи »

Анализата на десетте најголеми компании во оваа дејност на прв поглед упатува на заклучок дека има еден лидер кој можеби би требало да се издвои како посебен предмет за анализа. „ДХЛ експрес“ има доминантно учество во пропорцијата според параметрите за остварени приходи и добивка. Имено, оваа компанија во 2020 година успеала да генерира 9,7 милиони евра приход, при што остварен е пораст од 14,75 отсто.

Во едни подзаборавени времиња поштата беше институција. „Македонски пошти“ управуваше со целокупното работење и ги сервисираше сите жители и компании во Македонија. За овој субјект државата не го најде правилниот концепт за приватизација и модернизирање, и покрај грандиозниот објект како централната зграда и големиот број филијали. Додека се бара решение за овој државен загубар со кој сега раководи Јани Маркрадули, фирмата тоне во долгови, пишува порталот „Пари“ во најновата анализа.

Еве како работеше ,,Пошта” лани:

  • Во 2020 во АД „Пошта“ се регистрирани 2.010 работници;
  • Пошта во 2019-та остварила приход од 19,5 милиони евра. Сепак, годината ја завршила со минус на сметка од еден милион евра;
  • Во 2020 година оваа државна фирма забележала помал приход од 19 милиони евра. Сепак, загубата кај профитот се зголемила, па лани АД Пошта генерирала загуба од 1,5 милион евра;

Додека ,,Пошта” тоне приватните пошти бројат добивки. Приватниот бизнис со поштата најпрво започна од карго транспорт на поголеми предмети, продолжи со интернационални нарачки, за сега да станат неизоставен дел од процесот на справување и функционирање со ковид-кризата. Тоа што ги издвои приватните пошти е брзината во доставата на пратките, високото ниво на професионализам и адекватната дигитална поддршка. Во едно такво опкружување се разви мошне голема конкуренција која ги подига стандардите за работа и води до пониски цени на услугите. Преку податоците на платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк, тимот на „Пари“ ги анализира токму најголемите 10 од оваа категорија:

*Износите се изразени во евра | Табела: Пари.ком.мк | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк 

*Износите се изразени во евра | Табела: Пари.ком.мк | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк 

На прв поглед заклучокот е дека има еден лидер кој можеби би требало да се издвои како посебен предмет за анализа. ДХЛ ЕКСПРЕС има доминантно учество во пропорцијата по основ на параметрите за остварени приходи и добивка. Имено, оваа компанија во 2020 година успеала да генерира 9,7 милиони евра приход, при што остварен е пораст од 14,75 отсто. Ваквите импресивни бројки не се пресликуваат во состојбата со добивките иако и тука ДХЛ ЕКСПРЕС има најголема добивка. Како за споредба, ИН ТИМЕ МК БПС има 61 илјада евра помала добивка, но таа е остварена со приходи од нешто над 580 илјади евра. За големината на ДХЛ ЕКСПРЕС говори и податокот што сите останати 9 компании оствариле вкупни приходи во износ од 7,5 милиони евра, што е за 2,2 милиони евра помалку од приходите на ДХЛ ЕКСПРЕС, пишува во анализата.

Кризата ја доведе компанијата ДЕЛ ЦО, пак, до самиот раб на опстанок, наведува порталот „Пари“. Компанијата бележи „слободен пад” на приходите, кои во 2020 година се намалиле за неверојатни 60 отсто, но уште посимптоматичен е апсолутниот пад од 2,5 милиони евра. Ваквите бројки се во корелација и со остварувањата на добивката.

Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.

Промовирани огласи »

Уште бараш работа? Погледни ги најпопуларните огласи за оваа недела! KARIERA.mk е вистинското место 

За потребите на USAID, потребни се консултанти со познавање во економија, право, јавна администрација.

BtoBet, одлична компанија со високо реноме на пазарот е во голема експанзија и пребарува апликанти од различни сфери на работењето. Сите отворени огласи на едно место можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели и тоа: Холидеј Ин, Хотел Белви, Хотел Карпош, Бест Вестерн Хотел Турист и Хотел Водно. Моментално се во потрага по ВОЗАЧ со одлични услови за работа.

VALIDATA мултинационална компанија со побарувања во IT секторот, за своите потреби распишува огласи за SENIOR NET DEVELOPER.

Big Business Soultions вработува познавачи на германски и шпаснки јазик со супер бенефити на работнот место.
Како  брзорастечка  компанија,   гарантираат  висока плата  и  месечни  бонуси,  динамични  работни  услови  каде ќе  ги  унапредите  Вашите  вештини,  како  и  модерни работни  простории  во  центарот  на  градот. Основната  нето  плата  за  работен  однос  на  полно работно  време  за  оваа  позиција  може  да  изнесува  до 43.050  денари  во  зависност  од  Вашето  искуство.  

ДПТУ „ЖИТО“ УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ има потреба од персонал за продажба во следните региони
Аеродром/Ново лисиче
Илинден
Струмица

За оние кои се интересираат за работа во Словенија, Тимот на ЈБ енергија д.о.о., Кршко, Словенија која работи во областа на енергетски решенија за искористување на сончевата енергија и други обновливи извори на енергија се проширува.

Бараат млади, искусни и амбициозни кандидати, кои сакаат да си обезбедат работа во стабилна компанија со позитивна работна атмосфера, која овозможува личен и работен развој и напредок на сите вработени и стимулативна плата. Склучуваме договор на неопределено време со шест месечен пробен период. Обезбеден престој, превоз и прехрана. Уредуваат и придобивање на работна виза. 

Инсталатер – монтер на соларни централи (2)

Електричар - за областа на соларна енергија (2)

Мајстор – водоводџија (1)

Hello Post, најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Основната дејност на компанијата е достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија. Нивните огласи  за вработување за позиции ДОСТАВУВАЧ, КУРИР, АДМИНИСТРАТОР, ВОЗАЧ  и  може да ги ТУКА

Приватна агенција за вработување МОТИВИ е лиценцирана агенција која поседува Лиценца А (највисок ранг на лиценца) за посредување при вработување и привремени вработувања во земјава но и надвор од неа. Сите активни огласи од нивните клиенти може да ги разгледате ТУКА

A1 Македонија, лидерот во телекомуникациите во регионот, во моментот со 5 отворени огласи за Скопје.

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која нуди професионални услуги, високо обучен кадар и користи иновативна технологија. Во моментот вработува:

Електроинсталер/Електричар/Електромонтер
Хаусмајстор за одржување

Сите други огласи од преку 4300 компании државата можете да ги разгледате на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Околу три милијарди луѓе, 40 отсто од светската популација, не можат да си дозволат да се хранат здраво, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео обраќање по повод Светскиот ден на храната.

Гутереш истакна дека ситуацијата, како резултат на пандемијата на коронавирус и проблемите што ги предизвика во економијата, сериозно се влоши – на околу 140 милиони луѓе сега им недостига храна.

Во исто време, начинот на кој одгледуваме, консумираме и рециклираме храна е товар за нашата планета. Тие создаваат невидени климатски и еколошки тешкотии што не чинат трилиони долари”, рече генералниот секретар на ОН.

Промовирани огласи »

САД– Универзитетот Харвард, веќе најбогатиот во светот, вчера соопшти дека во фискалната година која заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари.

Универзитетот го оствари зголемувањето на профитот, кое неговите службеници го нарекоа „извонредно“, со инвестирање во приватниот и јавниот сектор.

Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по пандемиската криза, универзитетот соопшти дека остварил профит од 7,3 проценти.

Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Харвард Менаџмент Компани (ХМЦ), Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестираше во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година.

Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведе дека Харвард ризикувал многу помалку во изминатите години отколку другите универзитети.

Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично би ја зголемила заработката на ХМЦ, нагласи Нарвекар.

На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) оствари 56 проценти профит оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Универзитетот Браун со 52 проценти добивка на 6,9 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »