Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти, откако на 31 година побегнала од мажот. Таа сакала да се збогати со скапоцениот камен што се ископува во Танзанија, но на жените не им било дозволено да работат во рудниците.
Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти во Танзанија. Таа пораснала во големо семејство во Tанзанија. Била ќерка на сточар, кој имал шест жени и 38 деца. Иако не биле сиромашни, сепак секое сеќавање на детството е тешко.
Татко ми секогаш ме третираше како момче. Главно ме тераше да ја чувам стоката, а мене не ми се допаѓаше таквиот живот - се присетува Хусеин.
Работела 600 метри под земјата
Подоцна бракот уште повеќе ја направил несреќна, па на 31 година побегнала од мажот.
Барајќи работа дошла во малиот град Мерерани во Танзанија, во подножјето на Kилиманџаро, единственото место каде што може да се ископа реткиот виолетов дијамант танзанит. Пили само сакала да се збогати од тој скапоцен камен. Меѓутоа, на жените не им било дозволено да работат во рудниците. Затоа, таа се преправила во маж и така работела речиси десет години.
Не одев во училиште, така што и немав некој избор. Бидејќи на жените не им беше дозволено да работат во рудникот, јас се претставив како силен маж - вели Пили.
За нејзината трансформација да биде што поверодостојна, таа дури и го сменила името.
Ме викаа чичко Хусеин, но никогаш никому не кажав дека се викам Пили. Дури и денес ако прашате за мене во рудникот ќе викам дека се викам Хусеин - раскажува таа.
Пили не се откажала од тешката работа. Работела 12 часа дневно неколку стотици метри под земјата.
Се спуштав и до 600 метри под земјата. Работев похрабро и посмело од кој било маж. Бев силна и можев без проблеми да одработам исто како и маж - истакнува таа.
Таа додава дека во текот на сите тие години никој не се посомневал дека е жена.
Постапував грубо, како горила. Знаев да се степам, зборував просто, дури носев и нож. Никој не се посемнева дека сум женско - вели Пили.
По 10 години нејзиниот труд се исплател. Таа нашла две грутки танзанит. Со парите од скапоцениот камен себеси си изградила куќа, но им помогнала и на роднините. Тогаш почнала да вработува рудари кои работеле за неа. Нејзината маска била толку убедлива што требало нешто исклучително да се случи за да ја откријат.
А тогаш се случило нешто неверојатно. Една жена од селото пријавила дека е силувана, а како главен обвинет ја навела токму Пили, која веднаш била уапсена.
Морала да докаже дека не може да биде силувач
Пили немала друг избор, туку да го открие својот идентитет. Таа барала да ја прегледаат за да докаже дека не е во состојба да силува жена, по што била пуштена.
Сепак, најголемиот шок го доживеале рударите што не поверувале дека успеала да ги мами со години.
Дури не веруваа и на полицијата која им кажа дека сум женско. Сознанието дека сум во брак уште повеќе ги изненади - се сеќава Пили.
Таа на крајот успеала вторпат да се омажи, иако нејзиниот втор маж бил крајно претпазлив.
Му требаше пет години за да ми се приближи. Постојано ме прашуваше дали навистина сум жена - вели таа.
Денес Пили е успешна деловна жена. Има сопствена компанија за ископување и вработува 70 работници. Меѓу вработените има и три жени, но тие не работат во јамите, туку како готвачки.
Таа вели дека и покрај нејзиното искуство, само неколку жени денес работат во танзаниските рудници.