Промовирани огласи »

Данска, но и останатите членки на ЕУ, можеби наскоро ќе бидат приморани да го воведат еврото.

Иако Данците веќе изгласаа на референдум дека не го сакаат еврото, Европската комисија изгледа ќе ја присили таа скандинавска земја сепак да ја усвои единствената валута, пишуваат германските медиуми.

Белешките се појавија од минатонеделниот состанок во Стразбур, а во нив пишува како Комисијата сака сите, сега 27 земји членки на Унијата, да го усвојат еврото до 2025 година.

Претставници на ЕУ наводно ќе бараат буџет кој ќе биде усогласен со еврото и да има фискална даночна уплата од сите држави членки.

Меѓутоа, комесарот на ЕУ задолжен за еврото Валдис Домбровскис вели дека се е погрешно пренесено.

„Имаше некои забуни. Она за што ќе се расправа во наредниот период е каква ќе биде монетарната унија во иднина. Тоа не значи дека членките ќе мора да го усвојат еврото. Не сме одредиле ниту пак некои временски одредници, но секако ги охрабруваме членките да се подготват на неопходни мерки“, рекол тој.

Еврото го користат моментално 19 членки на блокот. Девет преостанати земји, вклучувајќи ја и Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска и Британија не го користат еврото како национална валута.

Европската унија наводно би требало да одржи состанок за иднината на еврото. Како пренесуваат медиумите, во белешките јасно пишува дека се сака контрола над користењето на таа валута.

Промовирани огласи »

Младите во Македонија многу тешко наоѓаат работа,  а уште потешко се наоѓа работа по струка.

Според статистички податоци, на крајот на 2016 година скоро 50% од младите до 29 години во Македонија биле невработени. Светска банка алармираше за младинска невработеност од 53% во земјава.

Една од многуте млади невработени луѓе е и Ивана Јордановска од Куманово. Таа има завршено меѓународни односи во Франција, со посебен фокус на трансатлантски односи. Иако се образувала во странство, сепак патот до работното место е тежок.

Наоѓање работа во Македонија е сè само не лесен или фер процес. Моите колеги и колешки во Западна Европа и Северна Америка се вработуваат во приватниот сектор, јавната администрација, меѓународните организации или невладините. Кај нас, приватниот сектор е многу неразвиен за да вработува луѓе од мојот профил, а работните места по меѓународните или невладините организации се едноставно премалку за значајно да го намалат бројот на невработени млади од било кој профил. Јавната администрација е целосно партизирана, тука нема што повеќе да се додаде или бара. Имав интересен пример во 2013-та година кога аплицирав за позиција „советник за трансатлантски односи“ во едно од министерствата. Сакав да видам кој е процесот на полагање на испитот во агенцијата за администрација, иако искрено, не се надевав дека имам реални шанси. Ниту ме повикаа да го полагам испитот, иако според Законот, секој кој што се пријави на позиција со исполнети услови, го полага и испитот за администрација. Ете, до толку се партизирани. Генерално гледано, понудата на работни места е премала за сите возрасни групи на граѓани, но и посебно е проблематична за младите оти бројот на позиции за кои може да аплицираат е поограничен, а конкуренцијата огромна – вели Јордановска.

Од дипломирање до вработување за повеќето млади луѓе  поминуваат години и години.

Дел од нив иако секој ден ги следат веб страниците со огласи за вработување, објаснуваат дека  аплицираат, но повратен одговор често пати не добиваат. Според нив, во некои од огласите се поставуваат критериуми каде се бара млад кандидат, а во исто време  тој треба да има неколку години работно искуство.  Ако подолго време се неактивни, не работат, нив им е потешко на пазарот на труд да го најдат своето место.

Давид Алексовски, магистер по економски науки вели дека еден од најголемите општествено -економски проблем во европските земји (особено изразен во јужноевропските) е високата стапка на невработеност на младите. Според него, мерките за намалување на невработеноста на младите се основен столб во економската политика на сите европски земји, вклучувајќи ја  и Република Македонија, каде што во неколку фази се спроведува кампањата „Македонија вработува” во која примарен таргет се младите невработени.

Врз основа на моите лични искуства во процесот на транзиција од високо образование на пазарот на труд и моите теоретски познавања од макроекономијата и микроекономијата, би сакал да ги споделам моите размислување за споменатиот проблем во случајот  на Република Македонија, за причините и алтернативите за структурно решање на истиот. Најпрвин би сакал да направам дистинкција помеѓу вработувања во јавниот сектор- државата како најголем работодавач на пазарот на труд во РМ и вработувањата во приватниот сектор, со тоа што економски позначајна е анализата на вториот дел. Накратко во однос на вработувањата во јавниот сектор кои што беа прилично динамични во последните 7-8 години, државата нема годишни и повеќегодишни стратегии за тоа каков профил на вработени и во кој квантитет се реално потребни во нејзината администрација  и нема комуникација со факултетите како основни генератори на кадри. Не постојат јасни правила, објективност и  систематичност при донесување на одлуки за избор на работник, односно наместо системски одлуки со мало влијание на човечки фактор при изборот, истите се донесуваат под клучно влијание на човечкиот фактор, што остава простор за остварување на тесните интереси на политичките партии и пристрасна и лоша селекција во јавната администрација, од најниско до највисоко ниво што е лесно забележливо – вели Алексовски.

Тој додава дека во однос на вработувањата во приватниот сектор проблемот е многу посложен и не постојат краткорочни решенија.  Основен проблем кој во себе содржи многу подпроблеми е образовниот систем-  несоодветните и непрактични образовни програми, почнувајќи од основно па се до највисоките степени на образование. Алексовски објаснува дека учениците се здобиваат со општи знаења, без подлабоко навлегување, изучување и специјализирање во одредена  област, што би им овозможило лесен пристап на пазарот на труд, солиден приход  и лично задоволство и самодоверба низ животот.

Дополнителен проблем кој веќе беше споменат е непостоењето на државна образовна стратегија која ќе проектира во која научно општествена сфера се потребни кадри и во колкав број, при што истото би се применило со приемни квоти на факултетите соодветно на секој департман и студиска програма. Со тоа структурниот вишок на невработени од одредени области ќе се намали. Сигналите кои државата ги добива од приватниот сектор на пазарот на труд мора да ги применува во образованието кое е нејзина основна надлежност. Понатаму не постојат тестирања во претшколска возраст како и во текот на основното и средно образование со цел да се откријат афинитетите и талентите на одредена индивидуа. Аналогно, стручни лица  врз основа на тестовите би можеле да дадат сугестии и предлози за понатамошното образование и професија на поединецот. Од тука произлегува и комплетното занемарување на средното стручно образование и неверојатните 99 % матуранти запишани во високо образование без квоти, контрола и стандарди за квалитет – вели Алексовски.

Резимирано, според него, клучниот проблем е постоечкиот образовен систем чиј квалитет според меѓународните тестови и стандарди се повеќе паѓа.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти, откако на 31 година побегнала од мажот. Таа сакала да се збогати со скапоцениот камен што се ископува во Танзанија, но на жените не им било дозволено да работат во рудниците.

Пили Хусеин е жена која преправена како маж дури 10 години работела во рудник за дијаманти во Танзанија. Таа пораснала во големо семејство во Tанзанија. Била ќерка на сточар, кој имал шест жени и 38 деца. Иако не биле сиромашни, сепак секое сеќавање на детството е тешко.

Татко ми секогаш ме третираше како момче. Главно ме тераше да ја чувам стоката, а мене не ми се допаѓаше таквиот живот - се присетува Хусеин.

Работела 600 метри под земјата

Подоцна бракот уште повеќе ја направил несреќна, па на 31 година побегнала од мажот.

Барајќи работа дошла во малиот град Мерерани во Танзанија, во подножјето на Kилиманџаро, единственото место каде што може да се ископа реткиот виолетов дијамант танзанит. Пили само сакала да се збогати од тој скапоцен камен. Меѓутоа, на жените не им било дозволено да работат во рудниците. Затоа, таа се преправила во маж и така работела речиси десет години.

Не одев во училиште, така што и немав некој избор. Бидејќи на жените не им беше дозволено да работат во рудникот, јас се претставив како силен маж - вели Пили.

За нејзината трансформација да биде што поверодостојна, таа дури и го сменила името.

Ме викаа чичко Хусеин, но никогаш никому не кажав дека се викам Пили. Дури и денес ако прашате за мене во рудникот ќе викам дека се викам Хусеин - раскажува таа.

Пили не се откажала од тешката работа. Работела 12 часа дневно неколку стотици метри под земјата.

Се спуштав и до 600 метри под земјата. Работев похрабро и посмело од кој било маж. Бев силна и можев без проблеми да одработам исто како и маж - истакнува таа.

Таа додава дека во текот на сите тие години никој не се посомневал дека е жена.

Постапував грубо, како горила. Знаев да се степам, зборував просто, дури носев и нож. Никој не се посемнева дека сум женско - вели Пили.

По 10 години нејзиниот труд се исплател. Таа нашла две грутки танзанит. Со парите од скапоцениот камен себеси си изградила куќа, но им помогнала и на роднините. Тогаш почнала да вработува рудари кои работеле за неа. Нејзината маска била толку убедлива што требало нешто исклучително да се случи за да ја откријат.

А тогаш се случило нешто неверојатно. Една жена од селото пријавила дека е силувана, а како главен обвинет ја навела токму Пили, која веднаш била уапсена.

Морала да докаже дека не може да биде силувач

Пили немала друг избор, туку да го открие својот идентитет. Таа барала да ја прегледаат за да докаже дека не е во состојба да силува жена, по што била пуштена.

Сепак, најголемиот шок го доживеале рударите што не поверувале дека успеала да ги мами со години.

Дури не веруваа и на полицијата која им кажа дека сум женско. Сознанието дека сум во брак уште повеќе ги изненади - се сеќава Пили.

Таа на крајот успеала вторпат да се омажи, иако нејзиниот втор маж бил крајно претпазлив.

Му требаше пет години за да ми се приближи. Постојано ме прашуваше дали навистина сум жена - вели таа.

Денес Пили е успешна деловна жена. Има сопствена компанија за ископување и вработува 70 работници. Меѓу вработените има и три жени, но тие не работат во јамите, туку како готвачки.

Таа вели дека и покрај нејзиното искуство, само неколку жени денес работат во танзаниските рудници.

Промовирани огласи »

Многу Хрвати кои се занимаваат со градежништво и се отидени сами или преку фирма во Германија, се жалат на лошите работни услови и затоа што не се исплатени. 

За нив во Загреб е отворено советувалиште. 

Миленко Делија вели дека три месеци работел во Дизелдорф, преку компанија и вели дека 39.000 куни уште не му се исплатени. 

„Должни се и на нашите колеги, а бевме вкупно петмина. Се обидуваме да дојдеме до нашите пари, но досега никој ништо не зема во обзир“ - вели тој. 

Тој додава дека хрватските газди не биле многу ангажирани околу нивните права и плаќање, а Германците тоа го искористиле и ја менувале сумата за работен час. Ветувале сешто, но на крај работниците биле оштетени. 

Делија објаснува дека на почеток добиле пари, и потпишале дека земаат повеќе од минималецот, а сега од тие изјави не можат да добијат ниту копија. 

Нивната фирма не им дала договори за работа надвор од Хрватска. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »