Промовирани огласи »

Во предлог-програмата на Владата доставена до Собранието, во делот за здравството, пишува дека веднаш ќе започнат подготовките за воведување бесплатно болничко лекување за сите здравствени осигуреници. Освен тоа, новата Влада планира зголемување на основната плата на сите здравствени работници, со што се очекува основните плати на да бидат двојно зголемени до крајот на мандатот.

До 2020 година платите на докторите-специјалисти во терциерното здравство  предвидено е скалесто да се зголемуваат и да изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1.600 евра.

„Мој термин“ ќе биде заменет со систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно утврдени рокови и обврски. Во предлог-програмата пишува дека новиот систем драстично ќе го намали времето за административни обврски на докторите.

Владата во програмата предвидува и изградба на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје и ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во кој клиниките ќе бидат функционално поврзани. Предвидена е специјализација за најдобрите 10 студенти во секоја генерација и да се зголемат квотите на државните специјализации. Предност ќе имаат дефицитарните специјализации според потребите на здравствените установи и регионите, а за време на специјализацијата на приватните специјализанти, ќе им се исплаќаат плата и придонеси во висина на минимална гарантирана плата за општ лекар.

Во соработка со здруженијата на родители за деца со ретки болести и посебни потреби Владата ќе предложи нови законски регулативи со кои ќе се овозможи грижата за оваа чувствителна категорија да биде посеопфатна, и посигурна.

Во делот на стоматологијата, Владата ќе планира зголемување на капитацијата по пациент за матичните стоматолози и основни бесплатни стоматолошки пакети за деца до 18 години, како што пишува во предлог-програмата, ќе работи и на надминување на состојбата со немање на лекови на рецепт после 15 во месецот и зголемена достапност на лекови.

Освен тоа,  во предлог-програмата пишува дека ќе се воспостави систем кој ќе оневозможи злоупотреба на пропишаните рецепти и фиктивно трошење на месечните квоти за набавка на лекови. Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ ќе се ревидира еднаш годишно, со внесување на нови лекови во истата и гарантирана застапеност на сите лекови од есенцијалната листа на лекови. Владата ќе се залага барем еден вид на орална контрацепција да биде ставен на позитивната листа.

Промовирани огласи »

Ако на жена ѝ давате комплименти против нејзина волја или нападно ѝ се додворувате, ризикувате да добиете затворска казна, согласно новиот закон што стапува во сила во Србија од 1 јуни.

Законот предвидува и две нови кривични дела: прогонување и сексуално вознемирување.

Сексуално вознемирување (според член 182а) е секакво дофрлање, слободно однесување, па дури и ласкање против волја на жената, а за тоа дело е предвидена затворска казна до 6 месеци или парична казна.

Прогонување (според член 138а од Кривичниот законик на Србија) подразбира праќање пораки, ѕвонење на телефон, следење и чекање пред живеалиштето. Законот предвидува три години затворска казна за ова дело.

Експертите велат дека овие кривични дела се воведени за заштита на жените, но дека оставаат голем простор за злоупотреба и манипулации.

Погрешно е толкувањето дека нема да можете да ѝ кажете на некоја девојка на јавно место дека е убава. Меѓутоа, ако таа јасно ви стави до знаење дека таквите комплименти ја вознемируваат и дека тоа не ѝ годи, а вие продолжите, тогаш има основа за кривично дело, вели Радомир Илиќ, државен секретар во српското Министерство за правда.

Мора да бидеме внимателни и да водиме сметка, бидејќи може да има злоупотреба на овој закон. Мора да се направи разлика меѓу бонтон, некултура и вознемирување. Не доживуваме сите комплимент на ист начин, вели адвокатот Љубиша Живадиновиќ.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани се помалку зборуваат на фиксен телефон, а се повеќе ги користат мобилните телефони, ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Граѓаните, на мобилен телефон разговарале вкупно 62,1 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на мобилен телефон зборувал 31 час.

Многу помалку часови граѓаните поминале разговарајќи на фиксен телефон. Според податоците на статистика, минатата година македонските граѓани на фиксен телефон вкупно зборувале нешто повеќе од 12,5 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на фиксен телефон разговарал по 6,3 часа.

Смарт телефоните можат да бидат многу корисни средства, но тие, исто така, може да се големи одвекувачи на вниманието на работното место.

Една неодамнешна анкета од CareerBuilder, мобилните телефони ги постави на врвот на листата на убијците на продуктивноста на работа. Според истражувачите користењето на личните телфони се поголем проблем од канцелариското озборување, користењето на долги паузи како и не коректно работење.

Телефоните денес се нешто повеќе од средство за разговор. Денес, тие им овозможуваат на вработените да пишуваат пораки, да сликаат, да снимаат видеа, да бидат активни на социјалните медиуми, да пребаруваат на интернет, да играат игри или пак да го проверуваат својот личен емаил.

Ова е голема причина за загриженост кај менаџерите на компаниите низ светот па и во Македонија.

Според едно истражување на CareerBuilder, спроведена во 2016 година, 83 отсто од работниците имаат смарт телефони, а 82 проценти се изјасниле дека телефонот го чуваат до нив додека работат.

Истражувањето исто така покажа дека две третини од работниците го проверуваат својот мобилен телефон на секои 15тина минути додека се на своето работно место.

Што прават вработените на своите мобилини телефони?

65 проценти кажале дека пишуваат пораки, 51 отсто изјавиле дека го проверуваат саатот, 44 отсто читаат вести, 24 отсто купувале на интернет, и 3 проценти зборувале со своите пријатели или сакани во текот на работното време.
 

Промовирани огласи »

Можеби ви е тешко да одлучите што да облечете на работа во летните денови зашто од една страна надвор е многу топло и сакате да се чувствувате удобно, но од друга страна не сакате да облечете нешто несоодветно за работното место. За да се одлучите за нешто што одговара и на времето и на работата следете ги следниве совети.

Изберете потенки материјали

За да не се двоумите дали некое парче облека одговара за на работа или не, купете деловна облека од тенки материјали (фустан од памук). Но не бирајте претенки материјали кои се проѕираат.

Не откривајте премногу кожа

Ако сакате нозете да ви бидат откриени, тогаш носете долги ракави, или обратно - пантолони со маичка на кратки ракави. Не носете сукњи што се пократки од над колена. Не носете фустани што се отворени на грбот.

Носете палто

Ако сакате да облечете маичка или фустан на прерамки, тогаш облечете и палто одозгора. Иако е надвор жешко, во канцеларијата е обично пријатно. 

Носете посветли бои

Слободно одлучете се за жолт фустан или за портокалова маичка. Освежете ја монотонијата во канцеларијата.

Следете ги другите

Ако во компанијата каде што работите сите носат формална облека, би требало да ги следите. Не одлучувајте се за премногу опуштена варијанта.

Изберете сандали

За да се чувствувате пријатно изберете отворени обувки. Сандалите се прифатливи за на работа ако не се премногу украсени. Секако, и ноктите треба да бидат средени.

Создадете свој стил

Иако обично треба се облекувате според барањата од компанијата, можете да изберете комбинации што најмногу ви одговараат и ви го истакнуваат стилот. Облекувајте се соодветно за работното место, но останете свои.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »