Македонските граѓани се помалку зборуваат на фиксен телефон, а се повеќе ги користат мобилните телефони, ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Граѓаните, на мобилен телефон разговарале вкупно 62,1 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на мобилен телефон зборувал 31 час.
Многу помалку часови граѓаните поминале разговарајќи на фиксен телефон. Според податоците на статистика, минатата година македонските граѓани на фиксен телефон вкупно зборувале нешто повеќе од 12,5 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на фиксен телефон разговарал по 6,3 часа.
Смарт телефоните можат да бидат многу корисни средства, но тие, исто така, може да се големи одвекувачи на вниманието на работното место.
Една неодамнешна анкета од CareerBuilder, мобилните телефони ги постави на врвот на листата на убијците на продуктивноста на работа. Според истражувачите користењето на личните телфони се поголем проблем од канцелариското озборување, користењето на долги паузи како и не коректно работење.
Телефоните денес се нешто повеќе од средство за разговор. Денес, тие им овозможуваат на вработените да пишуваат пораки, да сликаат, да снимаат видеа, да бидат активни на социјалните медиуми, да пребаруваат на интернет, да играат игри или пак да го проверуваат својот личен емаил.
Ова е голема причина за загриженост кај менаџерите на компаниите низ светот па и во Македонија.
Според едно истражување на CareerBuilder, спроведена во 2016 година, 83 отсто од работниците имаат смарт телефони, а 82 проценти се изјасниле дека телефонот го чуваат до нив додека работат.
Истражувањето исто така покажа дека две третини од работниците го проверуваат својот мобилен телефон на секои 15тина минути додека се на своето работно место.
Што прават вработените на своите мобилини телефони?
65 проценти кажале дека пишуваат пораки, 51 отсто изјавиле дека го проверуваат саатот, 44 отсто читаат вести, 24 отсто купувале на интернет, и 3 проценти зборувале со своите пријатели или сакани во текот на работното време.