Промовирани огласи »

Програмерите земаат највисоки плати во земјава. 

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека највисоката просечна нето плата во ноември е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 74.062 денари. 

Зад нив следи Воздухопловен транспорт  со плата од 52.032 денари, понатаму се Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 47.086 денари,

Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари.

Промовирани огласи »

Се зголемуваат дневниците во Германија и минималната сума за работен час сега изнесува 12 евра. 

Германија бара 400.000 странски работници годишно, и затоа ја покачи дневницата.  Германскиот економски институт процени дека работната сила годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 луѓе, затоа што повеќе постари луѓе одат во пензија отколку што влегуваат млади на пазарот за труд. Тој јаз до 2029 година би можел да се зголеми на повеќе од 650.000.  Миграцијата од Западен Балкан во Германија и натаму ќе продолжи. Се бараат кадри во многу професии. 

Промовирани огласи »

Минатиот месец Инстаграм објави дека ќе ја врати опцијата за хронолошки сортирање на вестите и објавите во текот на 2022 година. Сега некои корисници почнаа да ја добиваат оваа опција.

Инстаграм почна делумно да ја доставува новата функција до корисниците, а тие ќе можат да избираат што ќе се прикажува во нивниот „feed“.

Корисниците ќе имаат три опции, врз основа на кои ќе можат да ги подредуваат објавите, и тоа „Home“, „Favorites“ и „Following“.

Адам Мосери, првиот човек на Инстаграм, истакнува дека новите функции за сортирање постепено ќе им бидат достапни на корисниците, а се очекува сите да можат да ги користат до средината на оваа година.

Промовирани огласи »

Лекарите ја поздравија одлуката за намалување на периодот на изолација на асимтоматските позитивни пациенти од 10 на 7 денови. Во вечерашната Топ Тема д-р Нико Беќаровски рече дека покрај намалувањето на периодот на изолација за асимптоматските случаи, истото треба да се направи и кај пациентите кои имаат симптоми, затоа што здравството, но и стопантсвото веќе се исцрпени.

КОНКРЕТНО КАЈ МЕНЕ НА КЛИНИКА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ВЕЌЕ ВОН СТРОЈ ПОРАДИ ОВИЕ МЕРКИ, КОИ ШТО ГИ ТЕРААТ НЕСИМПТОМАТСКИТЕ 10 ДЕНА ДА СЕ ИЗОЛИРААТ. ДОБРО Е ШТО СЕ ПРЕКИНУВА, НО МОЖЕ ДА СЕ РАЗМИСЛИ И КАЈ СИМТОМАТСКТИТЕ ЗАТОА ШТО СИТЕ КОИ ШТО РАБОТИМЕ СО ПОЗИТИВНИ АЦИЕНТИ ГЛЕДАМЕ ДЕКА КАЈ ОМИКРОНОТ ИДЕ БУРНО СЛИКАТА, МЕЃУТОА МНОГУ БРЗО ЗАВРШУВА. ТРЕТИОТ, ЧЕТВРТИОТ ДЕН ТИЕ ШТО ИМАЛЕ ПОКАЧЕНА ТЕМЕПРАТУРА, ТЕЧЕЊЕ НА НОС, ВЕЌЕ СЕ МНОГУ ПОДОБРИ, РЕЧЕ БЕЌАРОВСКИ.

Покрај тоа, лекарите посочуваат дека треба да почне да се размислува и за укинување на сертификатите, кои според нив веќе ја губат смислата за нивното постоење.

СЕГА СМЕ ВО ДРУГА ЕДНА РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕД 2 МЕСЕЦИ. СЕГА ВЕЌЕ И ИМУНИЗИРАН ЧОВЕК, И ПРЕЛЕЖАН МОЖЕ ПОВТОРНО ДА СЕ ЗАРАЗИ. ЛОГИКАТА ДА СЕ БАРААТ СЕРТИФИКАТИ И ДА СЕ ОГРАНИЧУВА ПРАВОТО НА ДВИЖЕЊЕ, НЕ Е ВЕЌЕ ИСТАТА. МОРА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИД ДЕКА СЕРТИФИКАТИТЕ ГИ ВОВЕДОВМЕ СО ИДЕЈА ДА СТИМУЛИРАМЕ ИМУНИЗАЦИЈА. МИСЛАМ ДЕКА ТАА МЕРКА БЕШЕ НАЈЕФИКАСНА МЕРКА ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ, ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ИМУНИЗАЦИЈАТА. НО АКО ВО МОМЕНТОВ ТОА ВЕЌЕ НЕ ВРОДУВА СО ПЛОД, ТРЕБА ДА ПОЧНЕМЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИТЕ, РЕЧЕ ПЕТЛИЧКОВСКИ.

Беќаровски вели дека од самиот почеток контролата на сертификатите кај нас беше многу лабава и никој вистински не ја утврдуваше валидноста на сертификатите.

ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА КАЈ НАС ВЕЌЕ СЕКОЈ ИМА СЕРТИФИКАТ А РЕТКО КОЈ Е КОНТРОЛИРАН. МЛАДИВЕ НИ СЕ СИТЕ ПО КАФУЛИЊАТА НАВЕЧЕР А НИКОЈ НЕ КОНТРОЛИРА. РЕАЛНО ОД МЛАДИВЕ, ЗНАЕМЕ 20 ПРОЦЕНТИ ИЛИ КОЛКУ НИ Е ИМУНИЗАЦИЈАТА. ВЕЌЕ СЕРТИФИКАТОТ НАВИСТИНА ИЗГУБИ БИЛО КАКВА СМИСЛА И ПО МОЕ ДЛАБОКО УБЕДУВАЊЕ МИСЛАМ ШТО ПОБРЗО, БАРЕМ ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ТРГНЕМЕ, РЕЧЕ БЕЌАРОВСКИ.

Лекарите исто така препорачуваат граѓаните да не подлегнуваат на паника и да не инсистираат на правење на клинички испитувања по секоја цена, затоа што нема вистинска потреба.

ДА ГО СМИРИМЕ НАРОДОТ, ДА ИМ КАЖЕМЕ ДЕКА КАЈ 99,9 ПРОЦЕНТИ ОВА ЌЕ ПОМИНЕ КАКО ШТО ПОМИНУВАЛЕ ДО СЕГА ГРИПОВИТЕ. КОГА ИМАШЕ ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ ПО 30.000, 40.000 ГРИПОЗНИ НЕ ПРАВЕВМЕ НИ 2.000 АНАЛИЗИ. ЗА РЕНТГЕН НА БЕЛИ ДРОБОВИ И ДА НЕ ЗБОРУВАМ, САМО ТИЕ ШТО ЗАВРШУВАА НА ИНФЕКТИВНА. СЕГА СЕ ИНСИСТИРА УШТЕ ПРВИОТ ДЕН ЛАБОРАТОРИЈА, БЕЗ НИКАКОВ РЕЗОН. ДУРИ И ДЕЛТА СОЈОТ КОГА БЕШЕ ПРВИТЕ ДЕНОВИ НЕМАШЕ РЕЗОН ДА СЕ ПРАВИ ЛАБОРАТОРИЈА. ОГРОМНИ СЕ БРОЈКИТЕ И ЌЕ РАСТАТ АКО ОВОЈ СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО НЕ ГО СПУШТИМЕ. ТРЕБА ДА СЕ СМИРИМЕ. ВЛЕГУВАМЕ, ПО ДЛАБОКО МОЕ УБЕДУВАЊЕ, ВО ДОБРА ФАЗА, ВЕЛИ БЕЌАРОВСКИ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »