Промовирани огласи »

Речиси 92 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека електричните уреди што ги купуваат се програмирани да траат покус период, односно да се покаже дефект веднаш по истекот на гаранцијата.

Поради ова Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент усвои извештај за продолжување на рокот на употреба на уредите.

Усвоени се сите предлози на хрватската европарламентарка Биљана Борзан, која побарала забрана за програмиран дефект, поголема достапност до резервни делови на пазарите, како и воведување ознаки за минимален рок на употреба на апаратите.

Во претходна студија, спроведена во соработка со европски потрошувачки центри, се укажува дека машините за перење облека се програмирани на одреден број вртежи, телевизорите на неколку илјади работни часови, а печатарите на испишување одреден број страници.

Европскиот социјален и економски совет веќе објави студија за влијанието на рокот на траење на производи врз продажбата.

Предлогот сега го усвои и ЕП. Голем број европски држави веќе развија закони за проблемот со дефект на уредите. Во Франција со закон е забрането програмиран дефект. Во Австрија постои ознака што се става на електрични уреди кои подолго траат и лесно се поправаат, а во Шведска луѓето имаат даночни олеснувања доколку однесат електричен уред на поправка.

Промовирани огласи »

Прогнозите на Светската банка покажуваат дека глобалната економија ќе постигне реална стапка на раст од 2,8% меѓу 2017 и 2019 година. 

Растот во Кина благо забавува, но Светската банка сепак проценува дека економијата ќе расте за 6,5% оваа година и за 6,3% во 2018 и 2019 година.  Околу 35,2% од растот на глобалниот бруто домашен производ (БДП) ќе дојде од Кина во текот на овој период, што ќе го зголеми економското производство на земјата за 2,3 трилиони долари.

Индонезија е една од земјите кои ќе го стимулираат најмногу светскиот економски раст.

Всушност четвртата по големина на населението земја во светот ќе придонесе со 2,5% во растот на глобалниот БДП во наведениот период, додавајќи уште 160 милијарди долари кон својот БДП од 941 милијарди долари. Светската банка прогнозира економски раст на земјата од 5,3% оваа година и 5,5% во следните две години.

Се очекува САД  да придонесе значително кон глобалниот раст, но Светската банка има сериозно предупредување за изгледите во следните години.

Институцијата вели дека намалувањето на даноците, предложено од администрацијата на Трамп, теоретски ќе го зајакне американскиот и глобалниот раст, ако се примени. Предвид хаосот во сегашната политичка средина во САД сепак намалувањето на даноците засега се одложува, а некои аналитичари се повеќе сметаат дека тоа воопшто нема да се случи.

И покрај сѐ, земјата е на второ место по придонес кон глобалниот раст, откако се очекува од 2017 и 2019 година на САД да се паѓа 17,9% од него.

Другите земји кои ќе дадат свој придонес за светскиот економски раст се Јужна Кореја (2,0%), Австралија (1,8%), Канада (1,7%), Велика Британија (1,6%), Јапонија (1,5%), Бразил (1,2% ), Турција (1,2%), Мексико (1,2%), Русија (1,0%) и Иран (1,0%).

Промовирани огласи »

Фризер од БиХ се одлучил да живее во помал град по цена да заработува помалку, но да има повеќе слободно време за семејството, и да живее мирен живот. 

Ахмет Устиќ  веќе седум години работи во Сребреница, и вели дека има муштерии од сите националности и сите се задоволни. 

Живеел претходно во Тузла и Сараево, но се вратил во родниот град. 

Вели дека е задоволен затоа што има доволно слободно време, живее мирен живот, иако заработува помалку од претходно. 

Луѓето во другите градови повеќе заработуваат, но малку им остануваат пари за да уживаат. Направив компромис и се вратив во Сребреница. Малку заработувам, но повеќе пари остануваат за уживање. Денес времето е најскапа валута, а овде имам повеќе време за семејството - вели фризерот. 

Устиќ објаснува дека има слободно време кое го исполнува со креативни работи и не се жали дека во Сребреница е здодевно. 

Промовирани огласи »

Црвениот пасош од Малтешкиот витески ред е еден од најретките на светот. 

Малтешкиот витески ред е највисокиот во католичката црква. 

Можат да го имаат три лица, голем мајстор, заменик на големиот мајстор, и канцелар на овој ред. 

Бидејќи е толку ексклузивен, некои земји како Нов Зеланд, САД и Велика Британија овој пасош не го признаваат. 

Иако овој пасош е редок, тој не е најмоќен, а најмоќен е оној на Шведска, покажаа истражувањата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »