Промовирани огласи »

Ова недела издвојуваме најпосетени огласи за вработување на нашиот сервис.  Од анализите на тимот на Кариера.мк би сакале да пренесеме резултати околу популарност на одредени огласи кои најдобро котираа оваа недела. 

KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование. КАРИЕРА.мк како веб сервис кој ги спојува компаниите со најсоодветните кандидати за вработување на сите студенти од маркетинг областа им овозможува платена летна пракса

Agile Pro Solutions (APS) со седиште во САД моментално го зголемува својот тим во Скопје. АПС е во потрага по посветен претставник за продажба на финансиски услуги, кој е поттикнат да продолжи со напорите на организацијата во услужувањето на нашите клиенти и во обезбедувањето финансиски консултации и менаџмент. AGILE PRO SOLUTIONS исто така Ве поканува на отворен ден на 16ти март кој ќе ви помогне да ја започнете својата кариера!

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL

СМЕТКОВОДИТЕЛ

WEB ADMINISTRATOR

БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА, првиот приватен медицински бренд во Р. Македонија кој успешно работи веќе 29 години, објавува оглас за следниве работни позиции:

МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

ОПШТ ДОКТОР 

БОЛНИЧАР: ГРИЖА И НЕГА ЗА ПАЦИЕНТИ

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, ГРИЖА И НЕГА ЗА ПАЦИЕНТИ

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ 

ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР

Лапласт-М е фирма со 30 годишна традиција на успешно производство и монтажа на производи за заштита од сонце. За сите тие години Лапласт-М ја прошируваше својата дејност и освојуваше нови пазари со се побогатата понуда на разновидни и пред се квалитетни производи за заштита од сонце.  Во моментов вработува 

ШНАЈДЕР/ШИВАЧ/ТАПЕТАР

БРАВАР - ЗАВАРУВАЧ 

МОНТЕР НА ТЕНДИ И УРБАНА ОПРЕМА

Glassflex фабрика за преработка на стакло во ТИРЗ ТЕТОВО, Желино има потреба потреба од повеќе работни позиции. Погледни ги сите ТУКА.

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги, која веќе 15 години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. Заради зголемениот обем на работа и нови проекти, Агенција Рејтинг бара: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА НА СРПСКИ ЈАЗИК

Quipu е компанија за ИТ консултантски услуги и развој на софтвер, која обезбедува сеопфатни решенија  за банките и финансиските институции, од електронски плаќања до софтверски системи. Во моментов вработува SOFTWARE DEVELOPER (M/F/D)

Вo Октомври 2012 година е отворен Trend Food Bar кој служи автентична вкусна храна и голем избор на пијалаци. Исто така постојат и гурмански сендвичи, салати и свежи цедени сокови кои може да ги изберете. Голем спектар на десерти и вегетеријански опции се исто така достапни. Види ги сите отворени работни места ТУКА

Повеќе од 70 години компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прерасна во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти во над 40 земји. Раде Кончар - Контактори и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации. Во моментов вработува на следниве работни позиции:

KОМЕРЦИЈАЛИСТ

РАБОТНИК ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНТАКТИ СО АВТОГЕНО ГАСНО ЛЕМЕЊЕ 

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Allocate Software е водечки меѓународен снабдувач на софтвер за управување со човечки капитал. Во моментов вработува на следниве работни позиции:

ACCOUNTS PAYABLE ASSISTANT

JUNIOR DEVOPS ENGINEER 

DEVOPS ENGINEER

LeGrand Casino останува едно од првите и најдобрите казина во Северна Македонија, главна дестинација за пошироката јавност, бидејќи казиното континуирано се oбновува и подобрува повеќе од 25 години од отворањето во Скопје и Битола. Зачувувајќи ја традицијата, но сепак секогаш иновативни. Во моментов вработува ШАНКЕР.

РЕСОРТ МАВРОВО е планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња. Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели. Во моментов вработува на следниве работни позиции, погледни ги сите ТУКА.

 

Промовирани огласи »

Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи.

Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавал бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика за Утрински брифинг.

Бислимоски вели дека малите пумпи немаат право да вршат ограничување на набавката на бензин. Тоа се воени профитери кои за да заработат нешто ситно на нечиј грб, но ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави, додава Бислимоски.

Информациите што ги имам јас се дека имаме доволни количи нафтени резерви како држава. Нафтата што доаѓа во Македонија во најголем дел доаѓа од Грција. Но, Фејсбук стратезите вчера кренаа паника, вели Бислимоски.

На прашањето до каде ќе одат цените на енергенсите, Бислимоски вели дека цените и на електричната енергија и на природниот гас дивеат и цела Европа е во паника, па не очекува во следните недели да има некое намалување. Но, според Бислимоски, ќе има стабилизирање со постигнување на договор со ОПЕК. Тој препорачува да штедиме да се надмине овој тежок период. 

Промовирани огласи »

Гужва и колони на бензинските пумпи во поголемите градови низ целата држава. Граѓаните полнат бензин во буриња по шпекулациите дека ќе нема доволно гориво на бензинските пумпи.

Промовирани огласи »

Ако размислувате да го промовирате вашиот бизнис или да комуницирате со вашите клиенти, тогаш ви треба стратегија за односи со јавноста. Стратегијата за односи со јавноста ќе ви помогне да ја насочите вашата комуникација кон вистинската публика и вистинските публикации во вистинско време. Еве неколку причини зошто ви е потребна ПР стратегија.

Најдете ја вашата целна публика: Кога креирате ПР стратегија, размислете за целната публика која сакате да ја добие вашата порака. Ова е важен чекор за да се осигурате дека вашата порака ќе има најголемо влијание. Без да ја пронајдете вашата целна публика, вашата порака нема да биде примена од вистинските луѓе и вашите ПР активности нема да бидат многу успешни.

Најдете ги вашите клучни пораки: Еден од првите чекори за креирање ПР стратегија е да ги креирате вашите клучни пораки. Клучните пораки се основните точки што сакате вашата целна публика да ги слушне и разбере преку вашите ПР активности.

Фокусирајте се на вистинските медиуми: Откако ќе ја одредите вашата целна публика и вашите клучни пораки, сега можете да размислите за тоа со кои публикации и новинари треба да контактирате. Најдобрите публикации се оние што ги чита вашата целна публика. 

Одредете ја вашата цел: Важно е секогаш да имате цел за вашите ПР активности. Со одредување на вашата цел ќе имате јасна цел за вашата ПР стратегија и ќе го максимизирате успехот на вашите ПР активности. На пример, вашата цел може да биде да постигнете зголемување од 25 проценти во продажбата за производот X за три месеци.

Подобра комуникација: Кога имате ПР стратегија ќе биде полесно да ги пренесете вашите цели и активности. На пример, можете да му кажете на вашиот клиент што точно ќе правите за него и кога.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »