Промовирани огласи »

Пролетта е време за промени. Со доаѓањето на пролетта добро е да ги погледнете огласите на KARIERA.mk кои ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве натераат да посмилите за промени.  Ако се среќавате со потешкотија во изборот на кариера во помала или поголема форма предлагаме да ги погледнете следниве одлични компании на KARIERA.mk при донесување одлука за кариера. 

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт. Потрошувачите мора да најдат на полиците се што им е потребно. Поради тоа асортиманот мора да е прилагоден, а производите секогаш свежи и достапни со најдобар квалитет и најповолни цени. Поради проширување и отварање на нови работни позиции, Стокомак има потреба од: СПРЕМАЧ НА РОБА и ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА

Ако сакате да се придружите на големото семејство на DOUBLE TREE BY HILTON SKOPJE, имаме отворена позиција за Вас: КЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА  и  ХОСТЕСА

Philips е глобален лидер во здравствената технологија, посветен на подобрување на животите на милијарди ширум светот и се стреми да го направи светот поздрав и поодржлив преку иновации. Водени од визијата за подобро утре. Во моментов има отворени работни позиции за: TEST ENGINEER и ANDROID SOFTWARE DEVELOPER

БЕ-ДА Логистик Дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција: МАРКЕТИНГ/ДИЗАЈН СПЕЦИЈАЛИСТАГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКАМАГАЦИОНЕР ВО ПОШТЕНСКА КОМПАНИЈА, АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБАСМЕТКОВОДИТЕЛПРАВНИКСУПЕРВИЗОР

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. Во моментов има отворени 7 работни позиции.

B WATCH 1920 kако најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот со

сениор асистенти за продажба во салоните во Скопје

ПРАКТИКАНТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖЕН САЛОН (STORE MANAGER)

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. Во моментов вработува на следниве работни позиции:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА (ЗА IT ОПРЕМА)

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - АЕРОДРОМ 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ВЕЛЕС

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој. Во моментов вработува на следнава работна позиција:  ПЛАНЕР ЗА ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ

ВЕЗЕ ШАРИ како еден од најголемите производители на свежи конзумни јајца во Македонија вработува ДИСТРИБУТЕР

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Производство има потреба од: КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА и ОПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА

Промовирани огласи »

Велики петок или Велипеток — ден од Страдалната седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос.

Велики Петок е ден кога христијаните се сеќаваат на Исусовата мака и смрт. Верниците доаѓаат во црква за да размислуваат за Исусовата жртва, а преку обредите ќе присуствуваат на Служба на словото, ќе се поклонат на крстот и на крајот ќе се причестат.   

Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. 

Одлуката за погубување на Христос 

Одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велипеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себеси за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот.  На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес по 2000 години, патот по кој тој одел е познат како пат на болката.

Празнување, обичаи и верувања

Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос.

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Строг пост

Православниот канон за Велипеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. 

Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус.

Промовирани огласи »

Како што објави Евростат, Европската Унија(ЕУ) се соочува со инфлација каква немале од 2001 година наваму. 

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИЦП) во март изнесуваше 7,8 отсто. 

Во еврозоната стапката на инфлација порасна од 5,9 на 7,4 отсто, соопштија статистичарите.  Во февруари енергенсите поскапеа за 32 отсто.

Минатиот месец нагло пораснаа и цените на свежата храна, за 7,8 отсто.

Белгија и Словенија имаат пониски стапки на инфлација во март отколку во февруари. Потрошувачките цени повторно пораснаа најмногу во Литванија и Естонија, за 15,6, односно 14,8 отсто. Блиску е и Чешка со стапка на инфлација од 11,9 отсто.

Многу земји во светот се соочуваат со инфлација. Во Канада има највисока инфлација од 1991 година досега. 

Промовирани огласи »

Oд полноќ имаме нови цени на горивата. 

Kaко што објави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цените на останатите горива ќе бидат исти.  Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 84,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95  и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 51,599 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на дизелот од РКЕ ја наведуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар кај дизелот во просек за 0,807 отсто, како и намалената кај бензинот за 0,086 отсто и за 0,065 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

На светските берзи нафтата поскапува. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »