Промовирани огласи »

Значи ли изборот на Доналд Трамп за претседател на САД дека глобализацијата умрела, или соопштенијата за крајот на тој процес се силно преувеличени? Но, ако глобалиацијата само делумно ослабнала, а не е смртоносно болна, дали тоа треба да не тревожи? Колку е важно за глобалната економија забавувањето на темпото на раст на меѓународната трговија, и што следно треба да очекуваме?

Темпото на раст на светската трговија ќе се забави дури и без Трамп во Белата куќа. Во првото тримесечје на 2016 година тој веќе беше опаднат, а во второто тој опадна скоро до еден процент. Тоа е продолжување на претходната тенденција: од 2010 глобалната трговија растеше скоро два проценти годишно. Додека светското производство на стоки и услуги расте со три проценти годишно, односот на обемите на трговија спрема БДП опаѓа, за разлика од претходните години кога тој растеше.

Експертите за глобализација ја објаснуваат таа вознемирувачка тенденција со повторното појавување на протекционизмот, кој најде основа во народното незадоволство од Трансарацифичкото партнерство (ТПП) и Трансатланското трговско-инвестициско партнерство (ТАТИП), а сега и со победата на Трамп на изборите. Тоа значи дека потенцијалните исходи од отвореноста и меѓународната специјализација се пропуштаат.

Причинско последичните врски во екомомијата можат да бидат тешко дофатени, но во тој случај тие се јасни. Забавувањето на темпото на раст на светската трговија се случи како резултат од забавувањето на темповите на раст на БДП, а не обратно.

Тоа е особено очигледно во случајот со инвестициските расходи, кои нагло се намалија по светската финансиска криза. Инвестициските расходи придонесуваат за раст на надворешната трговија, затоа што земјите во светот се непропорционално зависни од споредбено малиот број производители на технолошки напредни стоки како Германија.

Забавувањето на обртите на светската трговија влијае и во падот на темпата на раст на економијата на Кина. До 2011 година, БДП на Кина растеше со двоцифрено темпо, а притоа обемот на извозот и увозот растеа дури и побрзо. Сега растот на БДП на Кина се забави за една третина, што пак доведе и до пад на темпото на раст на кинеската економија.

Чудото на кинескиот раст од кое корист имаше една петтина од населението на планетава, стана најважниот економски настан во последниот четврт век. Всушност, такво нешто може да се случи само еднаш. Сега фазата на долгогодишниот раст на Кина заврши и заради таа причина двигателот на светската економија ќе ги намали обртите.

Друг двигател на светската економија се глобалните мрежи за достава. Трговијата со делови и компоненти профитираше од намалувањето на транспортните расходи, кое доде како резултат од појавата на контејнери и соодветен напредок во логистиката. Само што ефективноста на превозите едвај ќе продолжи да расте побрезо од ефективноста на самото производство. Уште сега при изработка на трансмисии (менувачи) производителите на автомобили ги превезуваат по неколку пати преку американско-мексиканската граница. Во одреден момент, понатамошното разгранување на тој производствен процес ќе ја достигне точката на пад на повратот.

Па затоа, дали треба да се тревожиме што растот на светската трговија забавува? Да, но само исто толку колку што се плаши лекарот од висока температура кај пациентот. Таквата состојба ретко е закана по животот на пациентот, тоа е повеќе симптом за некаква болест. Во дадениот случај, болеста е бавното темпона раст на економијата, познати исто и како „вековна стагнација“ и е поврзан со падот на обемот на инвестициите, што од своја страна се објаснува со финансиските проблеми и политичката несигурност.

Имено, тоа е суштината на болеста. Трговските доовори како ТПП и ТАТИ само делумно ја лекуваат болеста. Порастот на државните расходи за инфраструктурни проекти со цел директно да се стимулираат инвестициите и растот на економијата излгедаат како поефикасн лекарство. Само, дали администрацијата на Трамп ќе умее заедно со новиот состав на Когресот на САД да разработи и исполни програма за продуктивни инфраструктурни расходи, допрва ќе дознаеме.

Во целина е неопходен политички консензус за мерките кои придонесуваат за растот на економијата, мтака што инвестициите да не станат заложник на внатрешнополитичката борба. Доколку тоа не е можно кога власта ќе ја преземе администрацијата на Трамп, тоа е сосема друго прашање.

Ситуацијата со трансграничните извори на финансов капитал е уште подраматична. Нето обемот на движењето на капиталните текови не само што не расте бавно, туку истиот опаднал значително во апсолутна смисла во споредба со 2009 година.

Само што драматичната ситуација сеуште не значи дека е опасна. Покрај тоа, падот е најмногу во обемите на трансграничното банкарско кредитирање. Директните инвестиции, те. финансиските текови поврзани со изградбата на фабрики во странство или купување на странски компании, остануваат на нивоата пред кизата, исто како и обемите на меѓународните кредитирања на пазарите на акции и државни обврзници.

Таквата разлика се објаснува со регулативите. Регулативните органи го наптравија правилниот заклучок дека трансграничното банкарско кредитирање е непотребно ризично и ги ограничија меѓународните операции на банките. А редица банки како одговор на тоа ги намалија своите меѓународни бизниси. И тоа не е повод за тревога, затоа што најризичните форми на меѓународни финансиски операции беа ограничени, иако притоа постабилните и продуктивни форми на странски инвестиции не настрадаа.

Сега пред нас се отвара перспектива владата на САД да го замени законот Дод-Франк и сите финаисики реформи од последниве години. Полибералните финансиски регулативи ќе овозможи да бидат вратени претходните обеми на меѓународното движење на капитали. Само што треба да внимаваме што сакаме.

Промовирани огласи »

Народната банка на Република Македонија од 15 декември годинава ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари.

НБРМ информира дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.

Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по период од 20 години. Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и анализи на сите постоечки фактори, при што се утврди дека постојат реални потреби за воведување на двата нови апоена. Воведувањето ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции, а како секундарен ефект се очекува урамнотежување на побарувачката за одредени деноминации, појаснуваат од НБРМ.

Додаваат дека искуствата покажуваат и дека, во одредени случаи, потребно е да се елиминира некоја од деноминациите со цел структурата на деноминации да стане покомпактна.

Книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата. Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна, велат од НБРМ.

Истакнуваат дека потреба од книжни пари со оваа деноминација не пројавувале ниту банките и наместо нивната количина во оптек од година во година да се зголемува, таа постојано опаѓала и затоа тие ќе престанат да бидат законско средство за плаќање на 15 декември 2016 година.

Деловните банки во Република Македонија ќе ги заменуваат книжните пари со апонска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 година до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната замена ќе се врши од страна на Народната банка на Република Македонија.

За соодветно да се вклучат во системот на готовинското работење и заради непречено одвивање на готовинските трансакции, со новите апоени нивното пуштање во оптек е предвидено за 15 декември 2016 година. Во меѓувреме, временскиот период од пристигнувањето на книжните пари до нивното пуштање во оптек ќе се искористи за едукација и запознавање со основните карактеристики и заштитни елементи на книжните пари на вработените во банките и другите финансиски институции. Исто така тоа е време во кое можат да се спроведат и активности за приспособување на софтверските модели на машините за обработка на книжните пари, банкоматите и останатите автоматизирани машини за самопослужување коишто работат со готовина, што ќе овозможи непречена циркулација на новите апоени.

Промовирани огласи »

Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми три години. Тоа значи дека ако некој овој месец од нотар добие предлог за наплата на сметки од декември лани, треба да поднесе приговор, затоа што тој долг е застарен, пишува „Вечер“.

Граѓаните во последниве неколку години од компаниите кои вршат јавни овластувања за наплата на струја, вода и парно добиваат барања за наплата на стари долгови од пред 5, 10, па дури и од пред 20 години. За ваквите побарувања граѓаните дознаваат дури откако ќе им биде блокирана сметката од страна на извршител, или откако ќе им биде испорачана тужба. Граѓанинот би можел да докаже дека не должи никаква сума на овие институции само во услови ако достави платена сметка од тој период. Но, проблем претставува тоа што најголем дел од граѓаните не ги чуваат сметките од тој период.

Имено, не постои законски текс кој ги обврзува граѓаните дека ваквите сметки треба га ди чуваат неограничено, а тоа претставува класично кршење на правата на граѓанинот од институциите кои вршат јавни овластувања, а таквото нешто не е дозволено.

Адвокатот Николчо Лазаров им советува на граѓаните да се заштитат од измами и од плаќање на застарени долгови, односно да не ги плаќаат старите долгови за комуналии, но задолжително да ги примаат писмата од нотар.

-Ваквиот документ не е обврзувачки за граѓаните и тие немаат никаква обврска да платат. Кај таквите налози ќе забележите дека се работи за долгови кои се од погодл временски период односно за обврски за кои веќе одамна настапила застареност. Инаку, апсолутниот рок за застареност на секое побарување е десет години од денот на настанување на долгот и тоа граѓаните треба да го имаат во предвоид, вели Лазаров.

Истовременот тој советува дописот од нотар за наплата на долг задолжително да се прими бидејќи ако се одбие постои законска можност да се постави на огласна табла во надлежниот суд и по осум дена да се смета за правосилно извршно.„Застареноста“ е едно од правилата на судската постапка пред чие настапување можат и смеат да се преземаат дејствија за остварување на одредени права или за наметнување на одредени обврски. Во спротивно презенањето дејствија за истварување на одредени права или за наметнување на одредени обврски по законски предвидениот рок за тоа претставува недозволено дејствие и губење на правото за преземање на таквите дејствија.

Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми 3 години. Тоа значи дека ако некој овој месец добие од нотар налог за наплата на сметки од ноември лани, треба да поднесе приговор, зошто тој долг е застарен.

Промовирани огласи »

Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме до крајната цел, но некои од нив се и со големо значење. Мудроста е во тоа, сите тие одлуки да се донесат најправилно што може, затоа што одлуките коишто ги донесуваме секојдневно, речиси секогаш се директно или индиректно поврзани и влијаат на вашиот животи, но и на животот на вашите најблиски.

Од друга, пак, страна, многу често се соочуваме со донесување на тешки одлуки, па згора на сè, тие и не зависат од нас. Во нивното крајно остварување се инволвирани една или повеќе личности, а консеквенциите што може да ги имаат тие, не ги знаеме однапред. Мал милион работи се инволвирани, па затоа во вакви ситуации или тотално се збунуваме или едноставно избегнуваме да ја донесеме одлуката.

Убавината е во тоа што со толкав број донесени одлуки, на дневна основа, со тек на време веќе ќе морате да знаете како да им дадете приоритет и како секоја одлука да биде мудро донесена од претходната. За да го направите тоа тогаш ќе треба:

Слушајте – веќе неколку пати сме зборувале за ова, но слушајќи дефинитивно многу ќе си помогнете во донесувањето на одлуката. Кога зборувам за слушање, мислам на активно слушање каде што покрај тоа што ќе ги слушнете работите што ќе ви ги кажат, ќе може и да ги процесирате и да си дефинирате нешто во вашите мисли.
Подобрување – секој ден работете на подобрување на вашите способности за донесување на одлуки. Минорните одлуки нека ви станат рутина и учете од грешките при нивно донесување, а повеќе внимание дајте на тешките одлуки. Нека секоја наредна е подобра од претходната.
Анализирајте – одвојте време за добра анализа на работите. Анализирајте ја моменталната состојба и вие во неа и пробајте да ги изанализирате некои состојби и вие во нив, со минимум две различни одлуки.
Интегрирајте – пробајте да ја направите целата мрежа. Анализирајте ги и последиците што можете да ги имате со минимум две различни одлуки не само на вас туку и на средината околу вас (директно или индиректно) со сите информации што ќе ги имате. За да го направите тоа, ќе треба да ги:
Менаџирате информациите – сите што ги добивате да ги процесирате и да ги складирате во фолдери кои после ќе ви помогнат во малата и големата слика.

Имајќи го сето ова горенаведено, пробајте да донесувате мудри одлуки во наредниот период и бидете сè подобри во тоа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »