Промовирани огласи »

Вчера успешно заврши една целодневна обука, настан со кој KARIERA.mk практично ја започна серијата на ексклузивни обуки за менаџери за човечки ресурси во македонските компании.

Над 20 директори за човечки ресурси од различни IT компании, Телекомуникации, Фармацевтската индустрија, Агенциите за вработување како и други менаџери, вчера успешно ја завршија специјалната обука предводена од ФЕЈСБУК специјалистот со долго годишно искуство во областа на регрутирањето и изнаоѓањето на таленти, г-ѓа Мауд Дуранд.

Мауд Дуранд, од 2009-та година, има работено за добро познатата мрежа LinkedIn, во која имаше можност да помага во создавањето и спроведувањето на новиот модел за регрутирање наречено “Scalable sourcing model”.

Сега, таа доаѓа од FACEBOOK, каде што работи како еден од најстратешките менаџери во HR светот и го управува процесот на регрутирање на топ-таленти на глобално ниво. Ова е посебна можност за сите тие што сакаат да ги подобрат техниките за регрутирање на млади таленти како и лично усовршување на оваа област.

Мауд Дуранд, како светски познат експерт, истотака е позната и како успешен „ловец„ на млади таленти од областа на IT.

Овој настан беше организиран од страна на KARIERA.MK со поддршка на глобалната Агенција The PWorld.

KARIERA.mk е најразвиената мрежа во Македонија која ги поврзува компаниите и кандидатите за вработување. Во моментов, оваа услуга ја користат повеќе од 2.250 компании во Македонија и се регистрирани над 70.000 лица кои бараат работа. Во изминатите 2 години KARIERA.mk им помогна на компаниите со над 12.000 огласи за работа.

Директорот на KARIERA.mk, г-дин Норик Селими вели дека “Со оваа обука ние отвараме ново поле во нашата компанија и во наредниот период ќе донесеме менаџери за човечки ресурси од многу светски компании и експерти од областа. Целта на овие обуки е да се донесе иновација во нашиот пазар и да им ги овозможиме на домашните компании најсовремените искуства во светот на човечките ресурси„

Промовирани огласи »

Регистрирај се!

По барање на своите клиенти, KARIERA.mk со поддршка на PWorld, организира премиум целодневна обука која ќе се одржи на 11.02.2019 година во Скопје. Обуката ќе биде предводена од светскиот признат HR специјалист од Facebook - Maud Durand. Ова ќе биде одлична можност за сите оние кои сакаат да ги усовршат техниките за лов на таленти и да се надоградат во таа област. Maud Durand ќе Ви посочи нови алатки и начини во одбирањето на кадар во процесот на регрутирање.

Искачете се едно скалило повисоко во областа на HR.

Обуката, со ограничен број е достапна само за клиенти на KARIERA.mk. Повеќе информации на 078 479 319.

Промовирани огласи »

Денес (06.12.2017 година) во Хотел Парк Скопје се одржа работилница за поврзување на побарувачката и понудата на ИТ специјалисти, на која присуствуваа повеќе од 30 IT компании, HR агенции и едукативни центри од Македонија.

Земајќи го во предвид проблемот за пристап до соодветно квалификувани кадри од страна на софтверските и ИТ компаниите во земјата, ИМЕ во соработка со KARIERA.mk ја одржаа оваа работилница на која се презентираа првичните наоди од анализата на понудата на услуги/продукти за регрутација на ИТ специјалисти, како и моделите на поврзување и адаптација на истите услуги согласно побарувањата на софтвер и ИТ компаниите.

Целта на работилницата беше поврзување на различните чинители кои можат да придонесат кон надминување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на ИТ кадри, како и дискусија за можностите за соработка и вмрежување, согласно  потребите на ИТ компаниите.

Истовремено се разгледаа понудите кои моментално се на располагање на пазарот од HR компаниите за регрутација и поддршка на IT професионалците/компаниите, како и програмите кои ги нудат едукативните институции (не-формални едукативни центри, факултети). 

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ на Швајцарската Агенција за Развивање и Соработка, имплементирана од Свисконтакт и ПРЕДА Плус, организираат:

Работилница за поврзување на побарувачката и понудата на ИТ специјалисти

Голем број компании се соочуват со проблемот за пристап до соодветно квалификувани ИТ кадри. Оваа индустрија забележува доста интензивни промени во последните 10 години низ светот, а и во Македонија. Секојдневно се зголемува побарувачката на ИТ кадри, а капацитетот на креирање на истите во Македонија е лимитиран. Земајќи го ова во предвид, ИМЕ заедно со KARIERA.mk ја организираат оваа работилница на која ќе се изврши презентација на првичните наоди од анализата на понудата на услуги/продукти за регрутација на ИТ специјалисти, како и на моделите за поврзување и адаптација на овие услуги. 

Целта на работилницата е следнава:

  • Поврзување на различни чинители за нивен придонес кон надминување на јазот помеѓу побарувачка и понуда во ИТ кадрите
  • Дискусија за можностите за соработка и вмрежување
  • Разгледување на моменталните понуди
  • Понуда на програмите од едукативните институции

Работилницата ќе се одржи на 06.12 (среда), во Хотел Парк во Скопје со почеток од 10 часот. Доколку сте заинтересирани за учество контактирајте не на [email protected] или на 077 888 722.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »