ИН2 Скопје

ЕМБС: 6541119
Индустрија: Наука и истражување
Адреса: бул. Кузман Јосифовски Питу бр.15 (зграда Неоком)
Град: Скопје
Веб: www.in2.mk/
Основана во 2009
Од крајот на месец Ноември 2009 година, своето постоење и делување во рамките на групацијата IN2 го започнува Друштвото за информатички инженеринг ИН2 дооел Скопје. Групацијата IN2, веќе неколку години е присутна на македонскиот пазар. Со овој чекор, на основање на своја фирма во Скопје, ја покажува својата желба и тенденција да биде поблиску присутна до своите постоечки и идни клиенти, поблиску да го презентира своето работење и својата понуда на македонскиот пазар и истовремено да го зголеми и квалитетот на својата понуда за корисниците во Македонија.

Работењето на ИН2 дооел Скопје, како членка на групацијата IN2, е уредено и организирано според сите важечки акти и прописи на групацијата и сите позитивни деловни правила стекнати во досегашното функционирање на IN2 Zagreb. Со тоа, ИН2 Скопје го продолжува и го зајакнува професионалниот партнерски однос према сегашните клиенти, ќе го изградува според најдобри деловни пракси односот со новите клиенти, и активно ќе учествува во развојот на идеите и проектите од информатичката технологија во Македонија.

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »