За компанијата: Од крајот на месец Ноември 2009 година, своето постоење и делување во рамките на групацијата IN2 го започнува Друштвото за информатички инженеринг ИН2 дооел Скопје. Групацијата IN2, веќе неколку години...
повеќе за компанијата »- Објавен на 1.2022
- ИН2 Скопје
- Активен до 18.01.2022
- Позиција: Програмер/Информатичар
- Локација: Скопје
- Веб: www.in2.mk/
Заради проширување на бизнисот и нови проекти бараме Microsoft софтвер девелопери. Независно од тоа дали си junior, mid или senior, имаш можност да го пронајдеш местото кое најмногу ти одговара. Големо бизнис и техничко знаење е она што не издвојува од конкуренцијата, и секогаш го споделуваме со задоволство. Кај нас ќе пронајдеш колеги од кои сигурно ќе имаш што да научиш. Нам тимската работа и соработка ни се непишани правила, околината е пријатна за работа, а областите во кои можеш да се развиваш се многубројни.
Kako Microsoft девелопер ќе учествуваш во процесот на планирање, развој и одржување на софтвер, со акцент на enterprise решенија. Резултатите на нашата работа допираат до илјадници граѓани, вклучувајќи и информатички решенија за здравство, болници, вработување, правосудство, морепловство, спорт... и не, не го сработивме сето тоа затоа што во тимот ги имавме Superman или Wonder Woman, туку упорни, храбри и среќни луѓе како тебе!
Да, те бараме тебе!
Твојата работа
- Развој и одржување на софтверски решенија базирани на Microsoft технологии
- Решавање задачи според твоето искуство (junior / mid / senior)
Ти си личноста за нас ако
- Знаеш како да пристапиш на технички проблем, да го анализираш, и на крај да го решиш
- Разбираш функционална спецификација и знаеш како да ја претвориш во технични задачи
- Им помагаш на колегите и сакаш да споделуваш знаење
- Си иновативна и проактивна личност
- Брзо и самостојно учиш и се стекнуваш со нови знаења и технологии
- Во извршувањето на задачите и решавањето на проблемите покажуваш педантност, упорност и сигурност
- Сакаш дружење, добра шега, патувања, добра забава и нетрпeливо чекаш да заврши ова Ковид лудило
Предност
- Искуство во изработка на windows апликации: C#, WPF, WinForms, MVVM
- Познавање на SQL-a и работа со бази на податоци (SQL Server)
- Искуство во работа со веб сервиси (WCF, WebAPI)
- Искуство во изработка на извештаи (Reporting Services)
- Искуство во улога на водител на тим/ментор
- Искуство во играње на фудбалче
Што те чека во IN2 групата
Професионален развој и едукација
- Предизвикувачки и значајни проекти
- Континуирана грижа за твојот развој и напредок низ различни облици на едукација: online платформи за учење, сертификација, тренинзи и низ работа со врвни професионалци
- Можност за развој на кариерата – голема компанија, различни позиции, различни технологии
- Можност за развој и учење низ споделување на најдобрите практики во рамки на матичната група CSI (Constellation Software Inc)
Грижа за здравјето
- Можност за прилагодување на работното време на сопствениот ритам
- Излегување во пресрет спрема приватните обврски
- Различни спортски активнсти
Канцелариски придобивки
- Пријатен и модерен простор (канцеларии, сала за состаноци…)
- Дружење, кафе, и други ситници кои го прават секојдневното работење попријатно
Други придобивки
- Можност за работа од дома
- Роденденски подарок
- Субвенционирање на трошоци за градинка
- Субвенционирање на трошоци за превоз
- Покривање на трошоци за мобилен телефон
Можеш да се пријавиш до 15.01.2022.
Би сакале да те запознаеме и да позборуваме поконкретно за позицијата која ќе ти одговара тебе.
Аплицирај!