Java Software Developer

За компанијата: Од крајот на месец Ноември 2009 година, своето постоење и делување во рамките на групацијата IN2 го започнува Друштвото за информатички инженеринг ИН2 дооел Скопје. Групацијата IN2, веќе неколку години... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 2.2021
  • ИН2 Скопје
  • Активен до 24.02.2021
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.in2.mk/

IN2 тимот кој е ориентиран на решенија за финансиска индустрија, во средиште на фокусот има управување со финансискиот имот на фондовите, но се силни и во развој на решенија за имот на банките и инвестициските оддели на осигурителните компании. Отвораат врата на нови решенија и потребни има се повеќе Java software developer-и!

 

Твојата работа

  • работиш на проекти за развој и одржување на нови софтверски решенија
  • соработуваш со останатите членови на тимот во сите фази на реализација на проектот со фокус на развој и одржување.
  • учиш и користиш нови технологии, методи на развој, техники на проектирање и програмирање
  • учествуваш во анализа на деловни и технички барања
  • тестираш софтверски решенија
  • ако имаш желба за проба во работа со корисници, се нудат и други сегменти на работата поврзани со деловни решенија.

 

Ти си лице за нас ако 

  • си завршил/ла студии со информатичка насока - предност
  • во предност си ако имаш 2 години искуство на исти или слични работи
  • ако го немаш бараното искуство, но си спремен/на за учење и влез во искусен тим кој ќе ти помага и ќе те води
  • сакаш да работиш во тим и твојот тим знае дека може да се потпре на тебе бидејќи своите задачи ги извршуваш во целост
  • внимаваш на детали, делиш знаење и предлагаш идеи за унапредување
  • во работат често гледаш предизвици наместо проблеми

…и ги имаш следните технички знаења:

  • добро го познаваш програмскиот јазик Java
  • јa познаваш програмскaтa рамкa (framework) Spring (Spring Boot, Spring Security)
  • го познаваш алатот за објектно-релациско мапирање Hibernate
  • имаш искуство во работа со бази на податоци (SQL, PL/SQL)
  • имаш искуство во работа со REST и SOAP протоколи

Предност е и познавањето на:

  • програмската рамка за развој на веб апликации Vaadin
  • алатот Apache Maven
  • MQ протоколот
  • работа со некои од апликациските сервери (Apache Tomcat, Oracle Weblogic)

 

Што те чека во IN2 

Професионален развој и едукација

  • предизвикувачки и значајни проекти (имаме големи планови за развој на нови решенија) 
  • запознавање со процесите во финансиската индустрија и работа со решенија кои се присутни и признати во регионот
  • континуирана грижа за твојот развој и напредок низ различни облици на едукација: online платформи за учење, сертифицирање, обуки и работа со врвни стручни лица
  • можност за развој на кариера – голема компанија, различни позиции, различни технологии

Грижа за здравјето

  • можност за прилагодување на работното време според сопствениот ритам
  • разбирање за приватните обврски
  • различити спортски активности

Канцеларии

  • локација во центарот на Скопје
  • убав и модерен простор (канцеларии, сала за состаноци…)
  • дружење, кафе и други ситници кои го прават секојдневното работење поубаво

Други бенефиции

  • можност за работа од дома
  • роденденски подарок
  • субвенционирање на трошоци за градинка
  • трошоци за превоз до работа
  • покривање на трошоци за мобилен телефон

 

Ако сакаш да слушнеш повеќе за нас, пријави се до 01.03.2021. и запознај не!

Аплицирај https://karijere.in2.eu/o/jG4agN

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »