Неуромедика

ЕМБС: 6230610
Индустрија: Здравство
Адреса: Jordan Mijalkov no.62
Град: Скопје
Телефон: +38923133313
Основана во 1991
Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 29 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.