Техничар за жичани машини

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Нашиот клиент ТЕЛАМОН, една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, неодамна отвори фабрика  и во Скопје, Инџиково, како  една од најповолните локации за индустриско производство, се со цел да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • Техничар за жичани машини

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Ги врши сите поправки и ја одржува машината во исправна состојба за да може да се обезбеди нејзино правилно функционирање;
  • Навремено извршување на сите рутински проверки и одржувања;
  • Вршење на сите корективни поправки;
  • Идентификација на било кој резервен дел потребен за одржување на системот во добра состојба;
  • Идентификација и употреба на било каков алат потребен за процесот на одржување;
  • Правилно решавање на проблеми во однос на утврдените грешки на машината.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Диплома за завршено средно образование или нејзин еквивалент;
  • Претходно искуство во автомобилска индустрија ќе се смета за предност;
  • Основни компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Основни математички вештини;
  • Основни вештини за читање и пишување;
  • Основни познавања од електрониката;
  • Основни логички познавања на PLC и вештини;
  • Основни познавања од областа на пневматиците;
  • Основни машински познавања за процесот на кримпување.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

ТЕЛАМОН е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија.

Се водиме по начелото луѓето да не се дискриминираат по било којa основa, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија или сексуална ориентација.

Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 17/04/2019.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »