технички секретар (администратор)

Се бара технички секретар (администратор) за работа во ФАРМАГЕН.

Потребни квалификации:

  • Познавање англиски јазик
  • Работа со компјутери, Microsoft Office целиот пакет, Adobe.
  • Возачка дозвола (Б категорија)

 

Задолженија:

  • Лицето ќе биде одговорно за целокупната администрација;
  • Пополнување и организирање на деловодна книга, собирање на целокупната документација од сите оддели, организирање и навремено архивирање на истата;
  • Секојдневно следење на нови објавени тендери, средување на тендерска документација, запазување рокови, аплицирање на тендери;
  • Примање нарачки од коминтенти, запазување на рокови за испорака и организирање на испораки;
  • Активно вклучување во следење на месечните залихи на производите во магацин и ќе прави соодветни нарачки за истите;
  • Ќе се грижи и за спроведување на информации и документи до сите вработени, ќе ангажира физички и други правни лица за конкретна активност по барање на другите вработени;
  • Го организира одржувањето на хигиената во работните простории на правното лице и нивната постојана снабденост со основни прехранбени и технички ресурси;
  • Ќе врши увозни постапки;

 

!!! Се бара огромна педантност во работата поради потребата од следење точно дефинирани процедури.  

Искуство во работата ќе се зема во предвид.

Работен однос: полно работно време во траење од  40 (четириесет) часа неделно. Работниот однос се заснова на 6 (шест) месеци со можност за продолжување.

Работно време: од 08.00 до 16.00h, од понеделник до петок.

 

Вашето CV испратете го на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »