Проект менаџер

За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 19.02.2025
  • Позиција: Маркетинг/ПР/Дигитал
  • Локација: Скопје
  • Веб: be-da.mk/
  • Facebook: линк

 

БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје, компанија со 14 годишно искуство во меѓународен транспорт и логистика поради нова соработка со европски партнер го проширува својот тим.

Доколку сте амбициозни, посветени и подготвени да бидете дел од успешна и иновативна компанија и сакате да придонесете за растот и развојот на компанијата во меѓународно поле, аплицирајте за позиција:

                                                                          ПРОЕКТ МЕНАЏЕР 

Потребни вештини за квалификација:
- Познавање на странски јазици (англиски задолжително)
- Искуство (mid level) во управување и менаџирање со проекти
- Работење со платформи за project management (Monday, Asana, Hive) 
- Добра организација и способност за управување со повеќе задачи истовремено 
- Аналитичен пристап кон нови и тековни задачи со цел на успешни резултати 

Личен профил: 
- Одговорност и прецизност
- Лојалност, само-иницијативност, флексибилност и енергичност
- Способност за достигнување на рокови и предизвици
- Силни комуникациски вештини и способност да одржува пријатен и професионален однос со надворешни соработници 

Опис на работните задачи:
- Планирање и водење на конкретниот проект од почеток се до негова целосна реализација, со целосна сигурност дека сите барања се исполнети на време и во рамките на можностите 
- Ефективна комуникација со маркетинг секторот на компанијата и со надворешни развојни тимови 
- Следење на напредокот на проектот, идентификување на ризици и ублажување/елиминирање на истите
- Внимание за усогласеноста на проектот со целите на компанијата
- Други задачи поврзани со остварувањето на дефинираните цели на проектот 

ШТО нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера и услови за работа;
  • Работно време од 08 до 16 часот;
  • Службен превоз;
  • Обуки за професионален развој;
  • Тим билдинг настани;
  • Дополнителни бонуси;
  • Стручна обука и поддршка;
  • Работа во динамичен и млад тим

Во БЕ-ДА Логистик оваа позиција овозможува да станеш дел од проект кој ќе ја обликува иднината на нашата компанија. Ги цениме проактивните индивидуи и обезбедуваме средина каде што нивните придонеси ќе бидат препознаени и наградени.

Ако барате место за растење и надоградување, Ве охрабруваме да аплицирате на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака на апликацијата "Проект менаџер"

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »