HR

(преземи го огласот во Word)

ПРИМА МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП , специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи.

ПРИМА МК ДОО Скопје , со седиште во Скопје има потреба од HR со следниве квалификации, работни обврски и бенефиции.

Основни работни задачи и обврски

  • Kоординирање, организирање и водење на процесот на регрутација и селекција на кадри
  • Воведување (Onboarding) на нови вработени во процесот на работа
  • Подготовка и собирање на целокупна документација за потребите на Правен сектор за секој вработен
  • Водење на досиеа на вработени и нивна евиденција во соодветни платформи и системи
  • Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.) и управување со системот за евиденција на работно време
  • Водење на евиденција за задолжителен систематски преглед
  • Водење евиденција за безбедност и заштита при работа
  • Пријава и одјава на вработените во АВРСМ/ФЗО и поднесување на боледувања и комплетна документација
  • Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки, планира и организира дополнителни тренинзи и обуки, целосна нивна координација и евиденција
  • Организира разни настани поврзани со вработените како и тековни активности за мотивирање на вработените
  • Учествува во процесот на евалуација на вработените и во процесот на креирање на планови за развој, заедно со претпоставените на секторите
  • Изготвува извештаи за потребите на одделите
  • Развој и имплементација на процедурите за човечките ресурси
  • Комуницира со вработените, ги идентификува нивните проблеми и дава поддршка во решавањето и развојот

Квалификации:

  • Универзитетско образование (Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет, Економски факултет, психологија или сродно образование од областа на човечки ресурси.)
  • Работно искуство во областа на човечки ресурси од минимум 2 години
  • Познавање на англиски
  • Напредно познавање на MS Office пакетот
  • Задожително познавање на закони поврзани со областа.

Бенифиции:

  • Конкурента плата во зависност од професионалното искуство
  • Можност за напредување и зголемување на бенефициите според бонусната политика на компанијата
  • Флексибилно работно време од понеделник до петок.
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Можност за развој преку соодветни тренинг програми и обуки
  • Одлична работна атмосфера

Заинтересираните кандидати да испратат CV на следниот email:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака: HR.

Известување-за-приватност-за-кандидати-за-вработување-.pdf (primamk.com)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »