Агент за теренска наплата на долгови

За компанијата: Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 6.2021
  • Credi Yes Skopje
  • Активен до 16.06.2021
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Веб: crediyes.mk
  • Facebook: crediyes.mk

Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Агент за теренска наплата на долгови да се приклучи на нашиот млад и талентиран тим.

Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да поседува мулти таскинг вештини применувајќи ги преку исклучителна услуга на клиенти.

Главните задачи и одговорности за оваа позиција се:

• Да се договара за плаќање на заостанати побарувања со должниците на нивна адреса или по телефон, согласно внатрешни политики, процедури и стратегија на Друштвото, со цел да се избегне постапка за присилна наплата на долгот;

• Посетување и потврдување на валидност на адреси на должници ;

• Разговори со должниците, со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот, надвор од постапка за присилна наплата, овозможување за продолжување на рокот за враќање и реструктуирање на долгот

 • Да користи флексибилен и индивидуален пристап во комуникацијата;

• Да ги ажурира добиените информации во специјализиран софтвер;

• Да подготвува извештаи и евиденција за преземените активности во врска со наплата на долгови;

• Да врши и други работни обврски по налог од работодавачот во согласност на работните обврски;

Квалификации:

• Завршено средно образование;

• Познавање и работа со компјутери;

• Искуство со MS Office ќе се смета за предност;

• Претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција ќе се смета за предност;

• Возачка дозвола Б категорија (користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се смета во предност).

Компанијата нуди:

• Корпоративна обука во согласнот со најдобрите практики од оваа област

• Конкурентска фиксна плата, бонуси засновани од постигнати резултати, договор за вработување,

• Службен телефон

• Можност за брзо напредување во рамките на компанијата

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и споосбности од областа. Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Агент за теренска наплата на долгови на нашата е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »