Конструктор ДОО Скопје лого

Градежен инженер

Конструктор ДОО, Скопје, постои на пазарот од 1992 година и опфаќа изведба на градежни работи за државни, општински и прватни клиенти, на објекти од високоградба и нискоградба. Поради нашата цел за успешно, квалитетно и навремено завршување на работите имаме потреба од проширување на својот тим:

1 (еден) Градежен инженер

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (BCC) – Градежен факултет (Градежништво);
  • Работното искуство ќе се смета за предност (најмалку 3 години);
  • Предност (но, не задолжително) ќе имаат кандидатите што поседуваат минимум Б овластување за изведба од градежништво, издадено од Комора на овластени архитекти и овластени инженери;
  • Работење со компјутери и задолжително познавање на програмите Auto Cad и MS Office, MS Project;
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

Главни задачи:

  • Канцелариска работа;
  • Помош со водење на градежните објекти од канцеларија, организација при набавка на потребните материјали за навремено извршување на работата;
  • Способност во организација на потребната работа со потребните ресурси со инженерот што го води објектот на терен;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, темелност, енергичност;
  • Познавање на изработка на градежни книги, времени ситуации и останата техничка документација за објектите.

 

Вработување на неопределено, на полно работно време.

Дневното работно време е од 08:00 – 16:00 часот, 40 работни часа (од понеделник до петок).

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV), диплома, овластувања и др. на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »