Асистент на Извршен директор

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

Асистент на извршен директор

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон исполнување на обврски, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во комуникацијата со сите колеги

 

Позицијата вклучува:

  • Обезбедување на конзистентност и одговорност при извршување и исполнување на зададените обврски, задачи или проекти во рамки на управувачката структура на компанијата;
  • Остварување контакти помеѓу извршниот директор, вработените, клиентите и други надворешни партнери;
  • Вршење истражување и спроведување на податоци за подготовка на документи или понуди и слично за презентација и одобрување, доколку е потребно;
  • Менаџирање во целост сите состаноци, присуствува, води забелешки и изготвува записник од истите.;
  • Во целост презема одговорност врз агендата и календарот;
  • Координација и поддршка при изработка на месечни извештаи кон Групација;
  • Менаџира настани надвор од канцеларијата и врши подготовка на планот на активности (аранжмани за патување, сместување, друго.);
  • Управува со протокот на информации во менаџментот на компанијата на навремен и прецизен начин;
  • Информира за запазување на рокови, информации поврзани со внатрешна и надворешна комуникација – белешки, е -пошта, извештаи и друго;
  • Извршува и други работни задачи како што е управување со административната работа и/или потпишување на документи;
  • Репортира директно пред извршниот директор на компанијата.

Профил на кандидат:

  • Докажано раководно искуство како извршен асистент или друго релевантно искуство во административната поддршка;
  • Високо ниво на познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација);
  • Способност за работа со напредни компјутерски апликации (Microsoft package, Outlook is a must, Project management tools, other);
  • Способност за организирање на обврските според приоритетност и исполнување рокови;
  • Проактивен пристап кон решавање на проблеми со силни вештини за донесување одлуки;
  • Способност за носење одлуки во кратка временска рамка;
  • Професионално ниво вербални и писмени комуникациски вештини.

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Високо квалитетен компаниски лаптоп за професионална употреба
  • Велнес програми, попусти и други бенефции
  • Приватно здравствено осигурување

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски или англиски јазик преку полето  Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »