За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.
повеќе за компанијата »b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р.Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
-
Работа со финансиски документи во согласност со законската регулатива.
-
Работа со плаќања, изработка на фактури и профактури.
-
Одржување на сметководствена евиденција и изготвување на финансиски извештаи, вклучително и месечни и годишни сметки.
-
Прием на роба, подготовка на ДДВ и платни списоци.
-
Усогласување на финансиските разлики со собирање и анализа на сметководствени информации.
-
Активно водење според моделот plan, do, review.
Потребни квалификации:
-
Сметководствена лиценца(задолжително)
-
Завршено високо образование – Економски Факултет – Финансии и Сметководство.
-
Задолжително работно искуство како лиценциран сметководител од минимум 2 години.
-
Одлично познавање на финансиското законодавство на Р. Македонија и меѓународните стандарди за финансиско известување.
-
Одлична вербална и писмена комуникација на англиски јазик
-
Одлично познавање на Office пакет (задолжително Excel и Word) и Интернет
-
Совесност, одговорност и самомотивираност
-
Одлични аналитички вештини
Потребна документација:
-
CV не постаро од 6 месеци.
-
Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување.
-
Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност.
Ние нудиме/ Вие добивате:
-
Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни.
-
Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област.
-
Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920.
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведените точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.01.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – За работна позиција “Овластен сметководител”.
Слични огласи »