M1 киоск СУПЕРВИЗОР-КОНТРОЛОР

За компанијата: TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на... повеќе за компанијата »

ТОЛЛАКС ДОО Скопје е компанија со основна дејност, трговија на мало, во специјализирани тобако продавница М1 киоск и специјализирана продавница за списанија и продажба на карти М1медиа (лоцирани на 12 ексклузивни локации во СКОПЈЕ) и ПОЛО маркет, бренд кој е во фаза на развој.

ТОЛЛАКС ДОО Скопје има потреба од следната работна позиција: 

 

Супервизор- контролор

Работни обврски

-Контрола на продажни места-поставеност на роба, проверка на залихи

-Комуникација со вработените

-Распоред на смени

-Грижа за сопствени марки

-Едукација на вработени

 

Потребни квалификации:

  • Работа во трговија како супервизор или менаџер на малопродажни објекти минимум 2 години,
  • Минимум средно образование (ССС) или високо образование (BCC),
  • Познавање на MS OFFICE  пакет,
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Личен профил:

  • Вредна и одговорна личност,
  • Ведрост, љубезност и комуникативност,
  • Лојалност, флексибилност и енергичност,
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

 

Основна нето плата се определува во зависност од претходното работно искуство, со можност за зголемување во однос на работната успешност согласно нормите поставени од страна на компанијата.

Компанијата го задржува правото да не ги контактира кандидатите кои нема да ги исполнат горенаведените квалификации.

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ТИМОТ !!!

Ако сте заинтересирани да учествувате во процесот на регрутација:
испратете CV на meil: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака СУПЕРВИЗОР М1 киоск
контактирајте не телефонски 070 220 882  до 17часот

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »