Проектен асистент

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За потребите на нашиот соработник, кој работи во невладин сектор, Здружение на граѓани НЕКСУС Граѓански концепт, поради потребите за проширување на својот тим, бараме кандидат на позиција:

ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ (М/Ж) – реон Скопје

Опис на работните задачи

  • Проектиниот ассистент работи административни и финансиски работи директно поврзани со спроведување на програмите и проектите во организацијата. Тој е првата личност што контактира со странките и е одговорна за добро и правилно спроведување на системите за административно-финансиска канцеларија.
  • Одговорен/на за спроведување на општите и специфичните цели на проектите;
  • Одговорен/на за прием и регистрација на документи од трети лица и давање услуги на истите;
  • Воспоставува врски преку телефонски и електроснки уреди при внатрешни и/или надворешни комуникации;
  • Архивирање: запишување на акти во архивата, архивирање на предмети според планот на архивирање;Експедиција: подигање и испорака на пошта и друг материјал и акти со општо значење и од друга организација; распоредување на поштенски пратки и други материјали и доставување на материјали и пратки до трети лица;
  • Подготвува и чува евиденции за персоналот на работа;
  • Подготвува документи потребни за сметководствена евиденција на дневна основа и е во постојана комуникација со сметководството;
  • Планира и организира превод на документи и публикации;
  • Подготовка, печатење, фотокопирање и скенирање на документи;
  • Извршува работи во координација и соработка со координаторот на проектот и според програмските алатки.
  • Развива работни планови, редовно ги следи реализираните трошоци по проектните буџети преку изработка на парични текови за трошоци по проекти и ги презема сите активности поврзани со проектот во соработка со Координаторот на проектот.
  • Соработува со засегнатите страни во согласност со проектот и развојните активности и потреби.
  • Создава релевантни материјали, т.е. формулари за истражување, следење и оценување.
  • Врши дневно известување до Координаторот на проектот за тековните активности, за ефикасно и навремено решавање на сите проблеми.
  • Подготвува неделни и месечни наративни и финансиски извештаи, до координаторот на проектот на негово барање.
  • Спроведува акции и имплементација на визијата и мисијата (стратегијата) на НЕКСУС;
  • Одговорен за навремено, законско и квалитетно извршување на работите и задачите извршени во тимот
  • Дејствува во согласност со работната политика на НЕКСУС и се грижи за обезбедување, почитување и спроведување.
  • Одговорен за правилно користење на основните средства на НЕКСУС
  • Врши и други работи од негова надлежност, во согласност со законот, општите акти на Здружението, овластувањата, делегирањето и барањата на извршниот и финансискиот директор.

Потребни квалификации

  • Високо образование – Универзитетско образование во областа на правни или економски науки
  • Претходно работно искуство од 2 години, дополнително ќе се смета за предност доколку сте имале учество во некој ЕУ проект;
  • Солидно познавање на Англиски Јазик, познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office)
  • Возачка дозвола: Б категорија
  • Специфични лични вештини: уредност, темелност, комуникација; лојалност; чесност; иницијатива; доверливост; капацитет за тимска работа; можност за решавање на конфликтите.

Нудиме

  • Компетитивна плата
  • Работа на полно работно време од 08:00 - 09:00 до 16:00 - 17:00 часот
  • Вработување – договор за привремена работа со пробен период со можност за вработување на определено време.
  • Динамична работна средина
  • Можност за напредок

Своите биографии испратeте ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и или аплицирајте директно на www.esi.mk .

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
  [најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »