Сервисер за аналитички лабораториски инструменти

Фарма Трејд ДООЕЛ – Авторизиран дистрибутер на Shimadzu Corporation - Japan) , објавува оглас за вработување на:

 

Сервисер за аналитички лабораториски инструменти

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование (хемиски инженер – применета насока, електро инженер, машински инженер),
  • Активно познавање на англиски јазик на високо техничко ниво,
  • Положен возачки испит (Б категорија),
  • Работно искуство не е потребно но ќе се смета за предност.

 

Опис на работното место:

  • Сервис и тековно одржување на високо софистицирани аналитички инструменти од областа на гасна хроматографија, течна хроматографија и спектроскопија),
  • Инсталација на аналитички инструменти,
  • Иницијална обука за користење на инструментите.

 

Соодветниот кандидат треба да ги поседува следните каракеристики:

  • Способност за организирана тимска работа,
  • Способност за континуирано учење и надградба на знаењата од дадената област,
  • Високо ниво на самостојност во извршувањето на работните обврски за кои е обучен  и ориентираност кон решавање на тековни проблеми во врска со работата,
  • Педантност и прецизност  во работата и внимателност во водење на детална евиденција за сработеното,
  • Добар однос кон корисници,
  • Подготвеност за теренска работа во Скопје и низ Р.Македонија.

 

Соодветните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање на декларираните способности.

 

Работно време:

08-16 часот, од понеделник до петок

Сите заинтересирани кандидати да достават детално CV со фотографија на следнава е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »