Дигитален маркетер

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак, еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел, има потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

Го прошируваме маркетинг тимот на Новомак и за таа цел бараме професионалец кој ќе биде вклучен во маркетинг активностите на дневна база. Идеалниот кандидат пожелно е да поседува искуство и да биде проактивен дигитален маркетер кој заедно со тимот ќе го развива брендот.

Одговорностите подразбираат:

  • Развивање и спроведување успешна стратегија за дигитален маркетинг, која целосно ќе биде во согласност со постоечките стратешки маркетинг програми;
  • Ќе го зголеми онлајн присуството на компанијата преку активности како SEO, SEM, блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг и e-mail кампањи, и ќе работи на подобра и поефикасна inbound маркетинг стратегија;
  • Ќе работи на подобрување на SEO на веб страницата и зголемување на посетите, органски и преку платени активности, со цел да се подобри интеракцијата и конверзиите;
  • Да ја следи постоечката, да создава нова информативна и интересна содржина за таргетираната публика;
  • Да создава, применува и раководи со стратегијата за социјални медиуми, а притоа развива и одржува повеќе профили на социјалните медиуми, и комуницира со инфлуенсери од индустријата за да стекне нови медиумски барања;
  • Го поддржува развојот на постоечките и на нови материјали за кампања, како креирање содржини, слики и видеа;
  • Помага во креирањето содржини согласно календарот за креирање и уредување содржини, и согласно истиот уредува и планира конкретни маркетинг кампањи во даден временски период;
  • Мери, проценува и поднесува извештаи за успешноста на сите активности поврзани со дигиталниот маркетинг, оценува цели користејќи ги податоците за да унапреди идни стратегии;
  • Ефективно и навремено култивира интересенти (leads) за тимот на продажба;
  • Спроведува други маркетинг должности кога е потребно.

Знаења, вештини и образование:

  • Докажано искуство во дигитален маркетинг, особено во примена на онлајн стратегии, со примери на успешни проекти и докажани резултати;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и интерперсонални способности;
  • Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали;
  • Иницијативност, со способност за извршување повеќе задачи;
  • Креативност и само-мотивираност;
  • Силни стратешки, аналитички вештини;
  • Тимски играч мотивиран целосно да го унапреди маркетинг потенцијалот.

Технички вештини:

  • Искуство со SEO алатки;
  • Практично познавање на Google Ads, Google Analytics и Google Tag Manager;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Искуство со софтвер за дизајн е задолжително;
  • Работно познавање на HTML и CSS и WordPress ќе се смета за предност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.

Своето CV (со слика) и портфолио доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака "Дигитален маркетер". 

Непотполни документи нема да бидат разгледувани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »