Менаџер за бизнис развој

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • ЕСИ
  • Активен до 25.06.2021
  • Позиција: Програмер/информатичар
  • Локација: Скопје

Employment Services International (ESI), за потребите на свој клиент, компанија фокусирана на развој и имплементација на cloud native B2B софтверски решенија, има потреба од: 

МЕНАЏЕР ЗА БИЗНИС РАЗВОЈ (М/Ж)

ЗАДАЧИ:

  • Креирање и имплементација на стратегија за идентификување на можности за пласман на постоечките и нови софтверски продукти/услуги
  • Претставување на продуктите и компанијата на потенцијални клиенти преку online видео конференции, повици, емаил, директна комуникација-состаноци за лично присуство...
  • Управување со sales pipeline на компанијата, поставување на цели и следење на нивното спроведување
  • Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери и клиенти, со поддршка од продукт тимот за припрема на покомплексни понуди/решенија
  • Идентификација на неефикасни процеси во организациона поставеност кај потенцијални клиенти и можности за нивно автоматизирање со апликациите
  • Меѓуфункционална соработка со интерните тимови за продукт и развој
  • Анализа и припрема на извештаи за каналите за генерирање на можности

БАРАМЕ:

  • 3 години искуство од област на бизнис развој, продажба или маркетинг на B2B решенија во ИТ индустријата (пожелно enterprise software сектор)
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини, концизно изразување при составување дописи и вербална комуникација
  • Техничка подготвеност за користење на workplace апликации од типот на G suite алатки, CRM системи, Microsoft Office продукти, project management apps и сл. 
  • Напредни аналитички и истражувачки способности
  • Познавање текот на оперативни и комерцијални процеси во компании од област на големопродажба, финансии, производство, малопродажба и сл. 
  • Проактивност и самоиницијативност
  • Професионално познавање на Македонски и Англиски јазик. 

НУДИМЕ:

  • Пакетот за вработување содржи плата која се базира на искуство, како и бонуси/комисии од склучени договори. 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [email protected] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[email protected], www.esi.mk