За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »Поради проширување на својот тим, нашата компанија има потреба од Одговорно лице за индиректни набавки
Потребни квалификации:
- ВСС – Економски факултет
- Минимум 1 година работно искуство во областа на општи набавки и осигурување
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англиски јазик
Одговорности:
- Набавка на канцелариски материјали за аптеки и работни простории
- Набавка на резервни делови, опрема и други технички материјали
- Процес на разгледување и одобрување на понуди, услуги и материјали
- Осигурување со обезбедување на полиси и каско и осигурување на вработени
- Изработување набавни планови и планирање потребни финансиски средства
- Изготвување плански цени
- Спроведување набавни политики кон добавувачите
- Изготвување и учество во изработка на договори и протоколи за добавувачите
- Испорака на набавките до краен корисник
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Одговорно лице за индиректни набавки на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »