За компанијата: АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
АРС СТУДИО вработува
Координатор за деловни операции/ Business Operations Coordinator
АРС СТУДИО има потреба од Координатор за деловни операции со најмалку 2 години работно искуство во областа, чија одговорност ќе биде водење на деловните операции, овозможување непречена работа на компанијата, планирање на деловните активности, преговори и договори, координирање на буџетот, донесување решенија и подобрување на бизнисот. Тоа подразбира осмислување на сите деловни операции и активности за компанијата, како и нивно спроведување од почеток до крај.
Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за образовни политики, формално и неформално образование, превод и толкување, издаваштво, а пожелно е и искуство во работа сo институции, меѓународни организации, компании. Искуство во образовен сектор и/или издаваштво ќе се смета за предност. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.
Одговорности:
- Секојдневна координација и комуникација со нашите клиенти;
- Контактира со потенцијални клиенти за воспоставување деловен однос и комуницира со нив;
- Управување со општите и кадрови работи во компанијата;
- Контрола на извршувањето на работните задачи на секторите и деловните единици во зададени рокови;
- Изработка на договори, решенија, дописи, одлуки и сл., како и нивно архивирање: Водење на архивата како и познавање на норми за канцелариско работење и Закон за архивска работа;
- Ги следи домашните и меѓународните трендови и предлага прифатливи мерки за унапредување во работењето;
- Навремено реализирање на сите задачи на конкретни проекти во зададените рокови.
- Соработува со останатите тимови со цел да се осигура дека се исполнети барањата и целите;
- Врши обука на новите вработени и ги воведува во деловниот процес;
- Има јасна претстава за производите или услугите на компанијата, како и деловната позиција и конкуренцијата за да се одржи бизнисот конкурентен;
Кандидатот треба:
- Да има завршено високо образование во областа на бизнис администрацијата или во друго релевантно поле;
- Да има најмалку 5 години работно искуство како координатор за деловни операции или да работел на слична позиција;
- Претходно искуство во бизнис сектор или администрација во образовна институција или издаваштво ќе се смета за предност;
- Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во бизнис секторите – образование, превод/толкување и издаваштво;
- Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
- Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Windows, Microsoft Office, Adobe Acrobat, интернет апликации;
- Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
- Одлично да го познава англискиот јазик;
- Да има око за детали и аналитика;
- Познавање на законска регулатива.
Позицијата овозможува:
- Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
- Искусен тим;
- Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за проширување на знаењето.
За АРС СТУДИО
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Kако центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област. АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги.
Во рамките на АРС Студио можностите да се биде успешен и шансите да напредува се еднакви за сите оние што ќе успеат да се квалификуваат да бидат членови на нашето семејство.
Пријавете се со CV и мотивациско писмо задолжително на следните е-адреси истовремено: [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за „Координатор за деловни операции” најдоцна до 12.4.2023 година. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, ќе бидат контактирани!
Слични огласи »