За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност...
повеќе за компанијата »ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник
Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд, ЕСИ – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.
МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија. Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.
Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
- Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
- Комуникациски и презентациски вештини
- Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.
Одговорности:
- Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ
- Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи
- Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
- Остварување на предвидениот план за продажба
Се работи на територија на цела Македонија. Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.
Компанијата ќе ви овозможи:
- Привлечна почетна плата и брзо напредување
- Обука под надзор на ментор
- Редовна исплата на К-15
- Службено возило за потребите на работата
- Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска)
- Патување во Италија за најуспешните вработени
- Бонуси за успешно работење
За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:
- Резиме (кратка биографија) со фотографија,
- Мотивациско писмо,
- Уверение за завршено соодветно образование, како и
- Копија од возачка дозвола
На [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 01.10.2024 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.