За компанијата: Коалиција на младински организации СЕГА е национална чадор младинска организација која работи на развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските...
повеќе за компанијата »ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО ВО КОАЛИЦИЈА СЕГА
Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на лице за работна позиција во централната канцеларија во Прилеп: Соработник за логистика и членство.
Потребните квалификации и искуства за работната позиција вклучуваат:
- Завршено високо образование или во завршна година од студирање
- Активно користење на MS Office
- Добри организациски способности
- Одговорност и навременост
- Одлични комуникациски вештини
- Познавање на социјални медиуми
- Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи
- Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим
- Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)
Задачи и одговорности:
- Воспоставува добра комуникација со организации / членки на СЕГА
- Обезбедува навремено информирање
- Организира настани и состаноци
- Се информира за и ги следи активностите на организациите членки на СЕГА
- Ги идентификува потребите и поддршката која им е потребна на членките од мрежата и соодветно го известува раководството за тоа
- Подготвува извештаи и информира за текот на спроведувањето на активностите од својот делокруг.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- мотивационо писмо
- кратка биографија
Целосната документација да се достави најдоцна до 15 јануари 2019 година на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] , или на адреса ул. Цар Самоил бр. 5, п.факс:166, 7500 Прилеп, (матично, прв спрат - до Средното економско училиште).
Селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.
- Предност ќе имаат кандидати кои имаат работно искуство во здруженија или фондации.
Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »