Работа на проект ЕРАЗМУС + во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети

(преземи го огласот во Word)

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува

 

О Г Л А С

 за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

  • завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;
  • работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти   или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
  •  способност за  кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.

Потребно е да се достават следниве документи:

  • Кратка биографија (Europass)
  • копија од диплома и уверение за положени испити;
  • потврда за работно искуство со препорака;

 

Ангажирањето е за определен временски период со работно време понеделник-петок од 08-16 часот.

 

Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на:

  е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

 

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.

 

 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »