МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗРАБОТКА ПОНУДИ И РЕШЕНИЈА

За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОНУДИ И РЕШЕНИЈА.

Озон има потреба од машински инженер, кој ќе му се придружи на нашиот тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за изработка на решенија, креирање понуди и вршење продажба на системи и опрема за климатизација, ладење, греење, вентилација и дргуи производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршен Машински Факултет - насока Термотехника ќе се смета за предност

  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност

  • Доколку кандидатот поседува овластување Б или А ќе се смета за предност

  • Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad MEP” и слични

  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

  • Солидно познавање англиски или германски јазик

  • Возачка дозвола Б категорија

  • Да поседува вештини за комуникација, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

     

    За следниве работни задачи

  • Фреквентна и континуирана комуникација со купувачи и водење записи

  • Исполнување месечни и годишни планови за продажба

  • Достапност кон претпоставените и купувачите во секое време

  • Изработка на решенија, избор на опрема и креирање понуди према купувачи во најкратко време

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата

  • Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди

  • Организација и архивирање документација за тековната работа

  • Изработка на извештаи, маркетиншки материјали, кампањи за продажба

  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни примања

  • Можност за обука и стекнување нови знаења

  • Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

  • Возило и мобилен телефон за извршување на службените задачи

  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи

  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »