Административен асистент

Плата од 24.000 ден. до 25.000 ден.

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

Опис на работни задачи:

  • Извршување на административно – финансиски задачи (подготовка на излезни фактури, евиденција и обработка на документи за сметководство);
  • Помош и подготовка на документи поврзани со човечки ресурси.
  • Прием и проследување на повици, прием на нарачки
  • Водење на деловодна книга, архивирање на документи;
  • Набавка на канцелариски материјали;

 

Потребно образование, вештини, знаење и искуства:

  • Високо образование
  • Солидно познавање на англискиот јазик
  • Солидно познавање на Microsoft Office (word, excel, power point)
  • Способност за работа во тим
  • Посветеност кон работата и високо ниво на професионалност и креативност.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

 

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
  • Можност за брз кариерен напредок
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина; 

 

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

 

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »