ЦЕИМ ДООЕЛ - подружница ПеллеИталиа дивани има потреба од Административен работник.
ПеллеИталиа дивани е локална фирма која работи на изработка на тапациран мебел и странство и за таа потреба има потреба од лице кое ќе овозможи тековното работење да биде добро документирано и соодветно да се одговори на потребите на клиентите.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено најмалку средно образование,
- Најмалку 2 години искуство со административно работење
- Искуство во прием на порачки и подготовка на работни налози со посебно внимание на деталите кои се бараат
- Следење и навремена набавка на суровини и репроматеријали
- Подготовка на документи (листи за пакување, фактури)
- Внесување податоци во систем
- Познавање и активно работење со компјутери и владеење на Microsoft Office пакетот.
- Солидно познавање на Англиски јазик.
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната електронска адреса: contact@ceim-it.com
Краен рок за поднесување на биографиите е 5 ноември 2021 година.
Само кандидатите влезени во потесна листа ќе бидат контактирани за интервју.