Сервисер за аналитички лабораториски инструменти

Фарма Трејд ДООЕЛ – Реномирана компанија од областа на фармакологијата и авторизиран дистрибутер на Shimadzu Corporation - Japan и на повеќе водечки брендови од медицината и аналитката , објавува оглас за пополнување  на повеќе работни позиции :

 

1. Сервисер за аналитички лабораториски инструменти - 3 извршители

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование (хемиски инженер – применета насока, електро инженер, машински инженер),
  • Активно познавање на англиски јазик на високо техничко ниво,
  • Положен возачки испит (Б категорија),
  • Работно искуство не е потребно но ќе се смета за предност.

 

Опис на работното место:

  • Сервис и тековно одржување на високо софистицирани аналитички инструменти од областа на гасна хроматографија, течна хроматографија и спектроскопија),
  • Инсталација на аналитички инструменти,
  • Иницијална обука за користење на инструментите.

 

Соодветниот кандидат ќе ги поседува следните каракеристики:

  • Способност за организирана тимска работа,
  • Способност за континуирано учење и надградба на знаењата од дадената област,
  • Високо ниво на самостојност во извршувањето на работните обврски за кои е обучен  и ориентираност кон решавање на тековни проблеми во врска со работата,
  • Педантност и прецизност  во работата и внимателност во водење на детална евиденција за сработеното,
  • Добар однос кон корисници,
  • Подготвеност за теренска работа во Скопје и низ Р.Македонија.

Соодветните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање на декларираните способности.

 

2. Административен работник (административен асистент и логистика) - 1 извршител

 

Потребни квалификаци:

  • Високо образование - пожелно техничка струка (хемичар или технолог)  или бизнис администрација,
  • Активно познавање на англиски јазик,
  • Положен возачки испит Б категорија,
  • Пожелно е искуство во административна работа.

 

Соодветниот кандидат ќе ги поседува следниве карактеристики:

  • Способност за организирана тимска работа,;
  • Комуникативност,
  • Брзо и прецизно извршување на задачите и обврските,
  • Одлично познавање ма MS office софтверскиот пакет (Excel, Word, Power Point, Outlook),
  • Организираност во водење на тековни организациони компаниски активности,
  • Педантност во зачувување и архивирање на документација,
  • Финансиско работење (фактурирање, водење на евиденција за лагер, набавки, понуди и оржување на контакти со корисници).

 

Работно време:

  • 08-16 часот, од понеделник до петок.

 

Сите заинтересирани кандидати да достават детално CV со фотографија на следнава е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »