ПРО-ЦИТ д.о.о. Скопје, Друштво од областа на трговија со автомобилски резервни делови распишува,
ОГЛАС за слободни работни места:
ПРОДАВАЧ ЗА АВТО ДЕЛОВИ
Задачи и одговорности:
- Услужување на купувачи и продажба на автомобилски резервни делови
- Изработка на потребна документација, работа со документи и работа на програм за материјално работење
Потребни квалификации:
- Работно искуство од областа на автоиндустрија (продажба-дистрибуција резервни делови) се зема како предност
- Предност познавање на деловен софтвер SSB ERP и магацинското работење (WMS)
- Одлично познавање на MS OFFICE пакет, интернет, e-mail комуникација
- Возачка дозвола Б-категорија – активен возач
Очекувани вештини и способности:
- Одговорна личност, со високо развиени организациски способности
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Ви нудиме:
- Почетна месечна нето плата во висина од 25.000 ден. (во зависност од претходно работно искуство на кандидатот на иста или слична работна позиција)
- Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Можност за напредување во работата и награди/бонуси за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
Испратете CV со слика на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за оглас Продавач“ и Мотивационо писмо.
Слични огласи »