Маркетинг агент

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2, објавува оглас за следнава работна позиција:

МАРКЕТИНГ АГЕНТ

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, а притоа сте динамична и одговорна личност, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование,
  • претходно работно искуство од најмалку 1 година ќе се смета за предност,
  • задолжително добро познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
  • задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
  • поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • одлични комуникациски вештини,
  • искуство со менаџирање социјални медиуми, ТВ и радио кампањи,
  • исклучителни вештини за пишување, интерперсонална комуникација,
  • познавање од областа на маркетинг стратегии,
  • способност за самостојна и тимска работа,
  • способност за следење на работни инструкции и процедури за работа,
  • флексибилност за работа на терен.

Работни обврски:

  • го испитува пазарот за потреби од понуда на нови услуги и континуирано следење на конкуренцијата,
  • осмислува, развива и имплеметира годишен маркетинг план за фирмата,
  • активно учествува во креирањето на нови маркетиншки активности и кампањи,
  • осмислува креативни решенија и рекламни кампањи за печатени, ТВ, радио и интерни медиуми,
  • проследување и остварување последователна комуникација со клиенти со цел поддржување на високо ниво на услуга,
  • комуникација со клиенти во врска со направени нарачки,
  • врши активни преговори и помага при склучување на договорот со клиентот,
  • создава, одржува и ажурира база на податоци за потенцијални клиенти,
  • планира и управува со активностите на социјалните мрежи како ФБ, Инстаграм и официалната Веб Страна и постојана комуникација на социјалните мрежи,
  • реализира различни активности за промоција на услуги,
  • се грижи за редовно одржување контакти со коминтентите и јавноста за информирање и формирање позитивна слика,
  • работа на професионален софтвер,
  • други работи по опис на работното место.

Компанијата нуди:

  • редовни  месечни примања,
  • атрактивна и динамична работа,
  • можност за надоградба на професионален план,
  • одлични услови за работа во (тим).

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Испратете го вашето СV na  [најави се за да го видиш е-маилот]   или контактирајте не на: +389 2 3223 202.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »