
За компанијата: Ман-Дра е компанија формирана во 1999 година, која обезбедува сервис и услуги за фирми што се занимаваат со производство во делот на автоматизација на индустриски процеси. Веднаш по нашето основање започнавме...
повеќе за компанијата »- Објавен пред еден месец
- Ман-Дра
- Активен до 23.06.2026
- Позиција: Комерцијалист/Агент
- Локација: Скопје
- Телефон: 023171519
- Веб: man-dra.mk
- Facebook: линк
(преземи го огласот како слика)

Оглас за вработување – Комерцијалист за бренд ABB
Доколку сте амбициозна, комуникативна и проактивна личност со интерес за продажба и индустриска автоматизација, ве покануваме да станете дел од нашиот тим на позицијата:
Комерцијалист за бренд ABB
Основни одговорности:
- Активна продажба и промоција на производите и решенијата од брендот ABB.
- Одржување и развивање на односи со постојни и потенцијални клиенти.
- Посета на клиенти, проектанти, индустриски капацитети и продажни места.
- Подготовка и следење на понуди, нарачки и комерцијална документација.
- Идентификација на нови деловни можности и развој на пазарот.
- Техничка и комерцијална поддршка на клиентите во соработка со техничкиот тим.
- Учество во презентации, обуки, саеми и маркетинг активности поврзани со брендот ABB.
- Следење на пазарните трендови и активностите на конкуренцијата.
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование (IV степен), предност имаат кандидати со високо образование од техничка насока.
- Претходно работно искуство во продажба или комерцијални активности ќе се смета за предност.
- Познавање на електротехника, индустриска автоматизација или енергетика ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на MS Office пакетот.
- Возачка дозвола Б категорија.
- Познавање на англиски јазик.
Лични карактеристики:
- Одговорност и ориентираност кон резултати.
- Одлични комуникациски и преговарачки способности.
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа.
- Тимски дух и професионален однос кон клиентите.
- Подготвеност за работа на терен и службени патувања.
Нудиме:
- Работа во стабилна и успешна компанија.
- Континуирана обука и професионален развој за ABB производите и решенијата.
- Можност за напредување и градење кариера.
- Конкурентна плата и бонуси според остварени резултати.
- Пријатна и професионална работна средина.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Слични огласи »