Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за административен асистент. Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.
Опис на работно место
- Подготовка на интерни извештаи и прегледи;
- Пополнување на формулари;
- Водење интерна евиденција;
- Активно учество во барање на нови клиенти;
- Континуирана комуникација со клиенти и партнери.
Професионални квалификации
- одлични комуникациски и организациски способности;
- проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
- претходно работно искуство на слична позиција е предност;
- завршено високо образование е предност;
- способност за тимска работа во динамична средина;
- одлично познавање на англискиот јазик (зборување, пишување);
- одлично познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.
Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) на следната електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Административен асистент”.
Времетраење на огласот 15 дена од денот на објавата.
Слични огласи »