ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО СТРУГА

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас   
 
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 
 
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Струга, Група 3 - Одржување, бараме: 
 
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО СТРУГА 
 
Опис на работните задачи 
 

  • Изградба, инспекција и одржување на електро-енергетските објекти, 
  • Контрола и надзор на изведба на електро-енергетските објекти, 
  • Планирање и проектирање, 
  • Отстранување на дефекти во и надвор од работно време, 
  • Работа со корисници, 
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација, 
  • Доставување на податоци за ажурирање на параметрите на мрежата во специјалните софтвери кои се однесуваат на дејноста, 
  • Контрола на приклучоци и мерни места, 
  • Поддршка при обработка на одговори за претставки, барања, предлози, 
  • Поддршка на други групи и друг КЕЦ по потреба. 

 
 Потребни квалификации и лични карактеристики 
 

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Kомпјутерски познавања, возачка дозвола,   
  • Познавање на англиски јазик, познавање германски јазик се смета за предност,
  • Одговорност, лојалност, тимска работа,   
  • Комуникативност, флексибилност. 

 
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо [најави се за да го видиш е-маилот] , или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 26.12.2018. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација www.evn.mk, [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »