ВИВАКС ДОО лого

Специјалист за социјални и дигитални медиуми

За компанијата: Денеска Вивакс е компанија која има најсовремена технологија, постојано вложување во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 80 вработени.... повеќе за компанијата »

Вивакс е македонска компанија која постои 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемување на обемот на работни активности, отворена е работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОЦИЈАЛНИ И ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

Специфични задачи и одговорности на работната позиција:

  • Креирање, координација и спроведување на маркетинг кампањите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, You Tube);
  • Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, Linkedln)
  • Учествува во изработка на креативна содржина за комуникација и интеракција со следбениците на социјалните медиуми;
  • Активно учество во изработка на годишни стратегии и кампањи заради континуирана промоција на Друштвото;
  • Активно учество во креирањето на нови дизајни и други материјали за потребите на Друштвото од аспект на употреба на определени маркетиншки активности и проценка на нивната успешност;
  • Одговорност за работата во рамките на своите овластувања и извршува други работи што ќе му бидат доверени од страна на претпоставениот.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука ќе се смета за предност).
  • 3 годишно искуство во секторот на FMCG во категори менаџмент ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на англиски јазик. 
  • Одличо познавање на MS Office пакетот. 
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства. 
  • Возачка дозвола Б категорија.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим;
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи;
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности;
  • Високо развиени комуникациски способности;
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето;

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина;
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата;
  • Позитивна тимска атмосфера;
  • Обезбеден оброк.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документот за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.

Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.

Висината на основната бруто – плата ќе биде дефинирана врз основа на повеќе параметри  како што се предходно работно искуство и исполнување на наведените критериуми од страна на кандидатот.

Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Конкурсот е отворен 15 денa од неговото објавување (од 14.04.2021 до 28.04.2021).

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »