Електроинженер

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас  
 
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

 

КАРИЕРА ВО ЕВН

 

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Ѓорче Петров - Скопје, Група 1, бараме:

 

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ  (М/Ж)

 

Работни задачи:

 

  • Обработка на барања и поплаки од корисниците,
  • Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
  • Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на  електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
  • Прием, обработка, чување и средување на документација, 
  • Контрола на приклучоци и мерни места.

 

Потребни квалификации:

 

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Познавање и користење на MS Office,  
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност, 
  • Способност за работа во рокови, 
  • Возачка дозвола,  
  • Исполнителност и одговорност,  
  • Флексибилност,  
  • Тимска работа.

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот]  испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 23.04.2018.

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување. 
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија! 
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »